Menu

Нова Година во Белград 2027

цена од

169

EUR

сега од

159

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
30.12.2026
02.01.2027
Автобус
Хотел

Дочекајте ја Новата година во Белград – градот кој никогаш не спие и кој нуди совршена комбинација од празнична магија, богата историја, одлична гастрономија и незаборавен ноќен живот!

Прошетајте низ украсените улици и плоштади, почувствувајте ја празничната атмосфера на Кнез Михаилова, уживајте во шармот на Калемегдан и откријте го модерниот изглед на Белград на вода. Градот покрај реките Сава и Дунав ве очекува со светилки, музика, насмевки и вистинска новогодишна еуфорија. Белград е идеална дестинација за сите што сакаат да ја започнат Новата година со добро расположение, дружење, вкусна храна и незаборавни моменти.

Дозволете си новогодишна авантура исполнета со радост, забава и убави спомени!

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово

Што е вклучено во цената

  • 2 ноќевања со појадок во хотел “N” 3* во Белград
  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • Разглед на Белград со локален водич
  • ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово

Што не е вклучено во цената

  • Задолжителна туристичка такса за хотелот – 4 евра за 2 ноќевања (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет до Нови Сад – 25 евра по лице,деца од 2 до 12 години – 15 евра- (пријавување во агенција, плаќање во автобус.)
  • Влезници во културно/историски споменици
  • Патничко осигурување

План и програма

30.12.2026 (Среда)

Состанок со групата во договорено време ,тргнување од Прилеп  на паркингот наспроти театарот Војдан Чернодрински патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

31.12.2026 (Четврток)

Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи или кафеани.(Напомена: Превоз од хотелот не е организиран. Хотелот се наоѓа на 3 автобуски станици од центарот. Градскиот превоз е бесплатен за сите.) Ноќевање.

01.01.2027 (Петок)

Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад – центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта слободно време за постновогодишни прошетки или забави. Ноќевање.

02.01.2027 (Сабота)

Појадок. Одјавување од хотел. По појадок се упатуваме трговскиот центар Ушче. Слободно време за шопинг и ручек. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Сместување

Хотел "N" 3* во Белград

  • Хотел N – удобност и одлична локација за вашиот новогодишен престој во Белград! Сместен во мирен дел на градот, на само 15 минути од центарот, Хотел N е одличен избор за пријатен и безгрижен престој за време на новогодишните празници. Удобните и пространи соби, пријатната атмосфера и одличната локација овозможуваат совршена комбинација од одмор и уживање во празничниот Белград.
    Во близина се Бајфордова шума, Спортскиот центар „Бањица“ и планината Авала, додека центарот на Белград е на кратко возење. Резервирајте го вашиот престој навреме и поминете ја Новата година во Белград со удобност и стил.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници
  • Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
  • За факултативните излети се потребни минимум 30 патници
  • Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 1,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител – немаат седиште во автобус)
  • Дете од 2 – 3,99 години плаќа 50% од сумата. (спијат во кревет со родител – имаат седиште во автобус)
  • Дете од 4 до 12 години плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Факултативен излет до Нови Сад

Цена за пакет: 25e

  • Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали. Таму можи да ги погледнете Петроварадинската тврдина и саат кулата, ќе ги посетиме Дунавската улица и Дунавскиот парк, Православната црква, Римокатоличката катедрала, Синагогата и градската куќа – Магистратот
  • возрасни – 25 евра
  • деца од 2 до 12 години – 15 евра.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

Нема пронајдени патувања