✨🎆 НОВА ГОДИНА 2027 – СУТОМОРЕ, ЦРНА ГОРА 🎆✨
🥂 Дали си подготвен/а за незаборавен почеток на Новата 2027 година? 🥂
Оваа година те водиме на прекрасно новогодишно патување во Сутоморе – место каде што морето, доброто расположение и празничната магија се спојуваат во едно! 🌊✨
Замисли си неколку дена исполнети со насмевки, дружење, нови познанства, прошетки покрај морскиот брег и моменти што долго ќе ги паметиш. ❤️
🎉 Остави ги секојдневните обврски зад себе, собери ја омилената екипа и подготви се за новогодишна авантура полна со позитивна енергија!
🥳 Новата година е време за нови почетоци, убави желби и спомени што се раскажуваат со години. А зошто да не ја започнеме токму покрај Јадранското Море?
🥂 Да ја испратиме старата година со стил, а новата да ја дочекаме со широко отворени срца!
🎆 СУТОМОРЕ 2027 – НОВА ГОДИНА, НОВИ ПРИКАЗНИ, НОВИ СПОМЕНИ! 🎆
Поаѓање во 21.00 часот од паркинг на СЦ Борис Трајковски, патуваме преку Косово, Албанија, ноќно возење со попатни одмори.
Пристигнување во Сутоморе. Слободно време за одмор и прошетка. Вечерта предвидена забава и дочек на новата 2027 година на плоштад во Будва со познати музички звезди (организиран трансфер) – дочек со популарната звезда ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИК. Во договорено време враќање во Сутоморе. Ноќевање.
Факултатива за 31.12 Котор – незаборавна забава со Здравко Чолиќ
Препорачуваме факултативна прошетка во Тиват – Порто Монтенегро, Котор и Будва. Првото место што се посетува е Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии, а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. Слободно време за прошетка. Враќање во Сутоморе.
Забава на плоштад -во Будва.
Забава на плоштад -во Будва. Организиран превоз од Сутоморе, во договорено време враќање во Сутоморе.
Забава во БАР (факултатива) –со познатата звезда ДИНО МЕРЛИН.
Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавотo Јадранско море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање воСутоморе. Поаѓање повторно према центарот на Будва каде што забавата продолжува со познати музички имиња. Во договорено време враќање во Сутоморе.
Забава (индивидуално) со познати звазеди. Ноќевање.
Напуштање на собите. Поаѓање кон Македонија во 12.00 часот. Возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

Приватно сместување во Сутоморе
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
*Доплата за еднокреветна соба 50%
*Попуст за деца до 10 години 30%
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
За факултативните излети се потребни 25 патници.
Патувањето може да биде со валидна лична карта (за влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек (за патници кои доаѓаат на факултатива во Дубровник)
Сте слушнале за ЕТА CASHBACK картичката?
Со секоја ваша уплата на аранжман, добивате CASHBACK поени изразени во денари. Патникот добива повраток на средства од 400 до 4.100 денари CASHBACK во зависност од уплатата.




· За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
· Патувањето може да биде со валидна лична карта РСМ (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)
· Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
· Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
· Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
· Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото.
· Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
· ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
· Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
· Со оваа програма важат Општите услови на патување.
Булевар Јане Сандански бр.82/1/1, Скопје
[email protected]
071 227 847
Ул. Кирил и Методи бр.30, Скопје
[email protected]
071 227 837
Ул. Маршал Тито бр. 1А, Куманово
[email protected]
073 877 227