Menu

Вила Зои 1 – Остров Скијатос 2027

цена од

263

EUR

сега од

86

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
20.05.2027
30.09.2027
Автобус
Вила

На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.

Скијатос е навистина рај на земјата, со бујни борови шуми и кристално чисти лазурни води. И покрај брзиот раст на туризмот тука во последните децении, тој остров е сè уште живописен и недопрен и благословен со повеќе од 60 прекрасно чисти плажи.

Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море. Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите. Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.

Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.

Вила Зои 1 располага со  15 студиа, двокреветни, трокреветни  и четирикреветни на ниско приземје, прв, втор и трет спрат. Секое студио има тераса, сопствен тоалет, клима, фен, пешкири,мини фрижидер. Дел од студијата имаат мини решо за подготовка на брза и лесна храна(не е класична кујна). Студијата на ниско приземје немаат кујна, и се продаваат како еко студија, со пониска цена. Вилата е во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Постелнина и пешкири се менуваат двапати неделно, додека собите се чистат секое утро.

Вилата е оддалечена на 10-15 минути пеш од градската плажа Megali Ammos.

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања – 8 дена во вила Zoi 1 (цени по лице)
  • Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
  • Туристички пратител за време на патувањето
  • Претставник од агенција за време на престојот

Што не е вклучено во цената

  • Дополнителeлни 55€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
  • Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите

План и програма

Термините за лето 2027 на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање.

Сместување

Вила Зои 1

Вила Зои 1 располага со 15 студиа, двокреветни, трокреветни  и четирикреветни на ниско приземје, прв, втор и трет спрат. Секое студио има тераса, сопствен тоалет, клима, фен, пешкири, мини фрижидер. Дел од студијата имаат мини решо за подготовка на брза и лесна храна (не е класична кујна). Студијата на ниско приземје немаат кујна, и се продаваат како еко студија, со пониска цена.

Студио број 1 е двокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 2 е двокреветно со помошен кревет и се наоѓа на прв спрат, можност за дополнително сместување на дете до 11,99 години. Максимално сместување-2 возрасни лица и едно дете до 11.99 години.

Студио број 3 е трокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 4 е трокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 5 е двокреветно и се наоѓа на прв спрат.
Студио број 6 е двокреветно и се наоѓа на втор спрат.
Студио број 7 е двокреветно и се наоѓа на втор спрат, има комплетно опремена кујна.
Студио број 8 е двокреветно и се наоѓа на втор спрат, има комплетно опремена кујна.

Студио број 9 е трокреветно и се наоѓа на втор спрат.
Студио број 10 е трокреветно и се наоѓа на втор спрат.

Студио број 11 е двокреветно со помошен кревет и се наоѓа на втор спрат, можност за дополнително сместување на дете до 11,99 години. Максимално сместување-2 возрасни лица и едно дете до 11.99 години.

Студио број 12 е четирикреветно и се наоѓа на трет спрат, има комплетно опремена кујна.
Студио број 13 е двокреветно и се наоѓа на трет спрат.
Студио број 14 е трокреветно и се наоѓа на приземје, нема сопствена кујна и патниците користат заедничка надворешна кујна, се продава како еко студио со пониска цена.
Студио број 15 е двокреветно и се наоѓа на приземје, нема сопствена кујна и патниците користат заедничка надворешна кујна, се продава како еко студио со пониска цена.

Вилата е во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Постелнина и пешкири се менуваат двапати неделно, додека собите се чистат секое утро.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

  • Користење само на автобуски превоз-80 евра по лице. (Иста е цената за еден правец и повратен билет).
  • За споен термин се сметaат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, и не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по редовна цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
  • Студијата со број 2 и број 11 се двокреветни со помошен кревет и се наоѓаат на прв спрат и втор спрат, можност за дополнително сместување на дете до 11,99 години. Максимално сместување-2 возрасни лица и едно дете до 11.99 години. Нема можност за сместување на 3 лица во овие студија.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат.
  • ПОЕНИ ОД ЕТА ЛОЈАЛНА КАРТИЧА МОЖЕ ДА КОРИСТАТ ЛИЦА НА ЧИЕ ИМЕ Е КАРТИЧКАТА. МОЖНОСТ ЗА СОБИРАЊЕ НА ПОЕНИ ОД ДРУГИ РЕЗЕРВАЦИИ НА СОПСТВЕНА КАРТИЧКА НАМА.
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
  • Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени. Полињата кои се со зелено значат колку студиа се вкупно слободни. При резервација задожително контактирајте на 071/227-847 или 071/227-837 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.
  • Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30%.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕНА НА ПАТНИК, СЕ ЗАДРЖУВА 15 ЕВРА ОД НАПРАВЕНАТА УПЛАТА.
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 10,5е од студиото или апартман за 7 ноќи ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други фактори а Ескејп травел  како агенција нема било каква  одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Објектот располага со 1/2 ,1/3 и 1/4 студиа на прв и втор спрат.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Доколку сакате да уплатите Online: Задолжително направете предрезервација на 071227847 или 071227837 или пишете ни во порака на нашата фејсбук или инстаграм страница бидејќи можно е во системот да се внесуваат повеќе резервации истовремено.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања