Автентичен, спокоен, магичен остров идеален за парови

Кога станува збор за идеално љубовно гнездо за парови тогаш островот Сими е вистински избор. Сими е грчки остров кој се наоѓа во југоисточниот дел на Егејско Море и припаѓа на групата острови Додеканези и е дел од регионалната единица Родос. Планински остров на кој се наоѓат градот Ано Сими, како и неколку помали наоѓалишта, плажи и области од значење во историјата и митологијата. Овој спокоен и шармантен остров нуди вкусна локална храна, забава и претставува совршено  место за автентичен одмор со прекрасни плажи и богатство од историја и култура.


Во минатото економијата на Сими традиционално се засновала на индустриите за бродоградба и производство на сунѓер, но денес главната индустрија на Сими е туризмот. Во грчката митологија Сими е познат како родно место на Харитите и бил именуван по нимфата Сими, иако подоцнежните писатели тврделе дека името е изведено од scimmia или мајмун.

Едно од најзначајните обележја на островот е православниот манастир на Архангел Михаил Панормитис кој е изграден во 18 век, со својата импресивна камбанарија посветен е на главниот светец на островот. Манастирот гледа кон заливот, и е населен со монаси. Островот секоја година е домаќин на фестивалот „Сими“, културен настан што се одржува од Јули до Септември и вклучува музички танцови, театарски претстави и настани, како и меѓународниот филмски фестивал, каде се прикажуваат филмови на отворено.


Островот исто така е познат и по своите уникатни ракчиња, именувани како „Симиски ракчиња“, кои се пржат и се јадат цели.
Пристаништето кое е центар на островот е навистина исклучително и убаво поради погледот кој го нуди. Околните прекрасни и шарени куќи на ридовите околу пристаништето му даваат фантастичен поглед и претставуваат потсетник за богатото минато на Сими. Иако е планински остров не му недостасуваат фантастични плажи. Има голем број на песочни, камчести плажи кои се мали, но со многу чиста вода, и голем број скриени шармантни заливи.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR