Toroni Studios

0

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19′ – Dec 21′

Min Age

10+

Pickup From

Airport

Опис на вила

Вила Торони Студиос (B kat)(ex. Toroni Apartments) е објект со одлична централна локација, на сама плажа во Торони, место познато по прекрасната долга и широка песочна плажа, наградена со сино знаеменце заради својот квалитет и чистота. Вилата располага со убаво уреден двор, сопствен паркинг и скара. Во својот состав брои 12 сместувачки единици, студија за самопослужување од кои 6 се на прв кат, а 6 се на втор. Секое од студијата е опремено со одвоена кујна, со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ (рамен екран), клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно), брачен кревет и единечен кревет, во некој од студијата има можност за допoлнителен кревет на расклопување (со доплата 5€ од ден). Структурата на студијата е 8 соби со директен поглед кон море (STD SV), 2 со страничен поглед кон море (STD SSV) и 2 студија се со балкон на пролаз (STD ECO).

Забелешки: вилата моментално е во процес на реновирање, дополнително ќе објавиме нови фотографии (нова фасада, реновирани тоалети и кујни, нова инсталација, нови душеци и постелнина, нови телевизори).

За секоја соба има по 1 чадор и 2 лежалки бесплатно на плажа. Промена на постелнина на секои 3 дена.

ПоаѓањеMAJЈУНИЈУЛИ
Наем77777777777
Термин2128411182529162330
STD(1/2+1)ECO139159229279289309329349379399399
STD(1/2+1)SSV159229259319349359369399429459459
STD(1/2+1)SV169209259319359379419459459479479
STD(1/2+1)SV+EXB189299349389399409439469489499499
ПоаѓањеАВГУСТСЕПТЕМВРИ    
Наем7777777    
Термин613202731017    
STD(1/2+1)ECO399399389339279209159    
STD(1/2+1)SSV459459419359309249219    
STD(1/2+1)SV479479439379349259229    
STD(1/2+1)SV+EXB499499479419339269249    

 

– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

– Цените за 7 ноќи/8 дена наем на студио СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

* Сместување во избраното студио за 7 ноќи.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

* Задолжително патничко осигурување.

* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….

* Турситичка Такса 0,50 центи по соба од ноќ

 

НАПОМЕНИ:

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни

– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);

– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;

– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.

– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.

– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Ваикики Травел.

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;

 

Удобности

  • Клима
  • WI-FI
  • Кујна
  • TV

Галерија

Локација

Слични патувања