Вила Спирос

ОД 189 EUR

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19′ – Dec 21′

Min Age

10+

Pickup From

Airport

Опис на вила

Вила Спирос се наоѓа на 300метри од плажа, на почетокот на Аг.Никитас (види мапа) во нејзина близина се наоѓа продавница на 100м,rent a car и rent a bike на 100м, централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири.

(напомена: цените кој се прешкртани се цени со попуст, тие кој не се прешкртани се промо цени и на нив не подложи попуст) 

Опис на регион

АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на рид помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна.

Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница до која се стига со пешачење, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia.

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 61,8МКД

Вила Спирос нема да работи вон сезона, само со термините наведени подоле во табелата.

Опис на сместување

Вилата располага со двокреветни студија со дупли кревет и трокреветни студија со еден дупли кревет и еден единечен, сите имаат мини кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, сопствен тоалет со туш, клима и туш, терасата е надворешна, заедничка за сите соби одделена со паравани и се излегува на неа од влезната врата на студиото. Терасите се со страничен поглед на море. Клима со доплата од 5еур на ден. 

Капацитетот на собите: во двокреветна соба максимум 2 лица, во трокреветна соба максимум 3 лица.

Опис на програма

-Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Лефкада чини:

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:

-Скопје (Дрводекор) – 50€ по лице
-Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -60€ по лице
-Кочани – Трансфер до Велес -60€ по лице
-Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -50€ по лице
-Кавадарци (Дреново) – 50€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

-Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)-50€ по лице
-Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -50€
-Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -55€ по лице
-Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола -60€ по лице
-Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -55€ по лице
-Ресен (спроти автобуска станица) -Трансфер до Битола -55€ по лице
-Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )

 

Време на поаѓање за Лефкада:

  • 01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
  • 01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола
  • 12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
  • 02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
  • 03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
    04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)
  • 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
  • 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
  • 02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола
  • 02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

* LOYALTY CARD попуст 7 % и не се комбинира со попустите за рана резервација или промо цените
* а уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
* Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет  (број на кревети), преку дозволениот број  НЕ може да се смести ПЛУС ЛИЦЕ
* Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
* Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
* Важат Општите услови на СКТМ и ТА “ЈК ТРАВЕЛ“. линк до условите: https://jk.com.mk/opsti-uslovi/

Удобности

  • Клима
  • WI-FI
  • Кујна

Галерија

Локација

Слични патувања