Дали знаете дека Римини го нарекуваат главен град на италијанскиот крајбрежен туризам?

Идеална дестинација за млади и за семејства. Римини е дестинација која може да им понуди на сите уникатен летен одмор!

ОД многубројни ресторани и кафулиња со свои лежалки на масивните песочни плажи, до еден куп дискотеки за уште подобар ноќен живот.

Римини е град кој е сместен во регионот Емилија Ромања, недалеку од Равена- градот на мозаиците, Република Сан Марино и регионот Ле Марке. Ова ви кажува дека имате навистина многу околни дестинации кои вреди да ги истражите!

Римини има доста богата историја, а тоа ја поттикнува цела аристократија на Европа да доаѓа овде на летување!

Градот Римини е познат по прекрасните златни плажи! Крајбрежјето започнало да се гради со луксузни хотели и вили во 1907 година кога воедно го отвараат легендарниот хотел Гранд.

На плажите во Римини има апсолутно место за сите, а покрај морето ЕТА ве советува да ја посетите познатата река Рубикон, која Јулиј Цезар ја поминува со својата војска на пат кон Рим. Денеска во Римини на плоштадот Тре ќе го најдете споменикот на Цезар.

ETA 2023 ВЕ ВОДИ ВО РИМИНИ НА ЛЕТУВАЊЕ! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПОНУДИТЕ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR