Национален парк „Глечер“ и езерото Мекдоналд

Во американската држава Монтана на северозападната страна, на самата граница со Канада, се наоѓа познатиот Национален парк „Глечер“. Паркот се протега на површина од над 1 милион хектари и вклучува делови од два планински масиви, над 700 поголеми и помали езера со неверојатно чиста и проѕирна вода, повеќе од 1.000 различни видови на растенија и стотици видови животни. Од околу 150 глечери кои постоеле во паркот во средината на 19 век за време на ледено доба останале само 25 активни глечери се до  2010 година. Научниците кои ги проучуваат и истражуваат глечерите во паркот проценија дека сите активни глечери може да исчезнат до 2030 година доколку продолжат овие климатски услови. Националниот парк Глечер ги има скоро сите растителни и животински видови. Големи цицачи како што се гризли, лоси и планински кози, и ретки и заштитени видови животни како волкови и канадски рисови.

Езерата на Националниот парк Глечер остануваат студени во текот на целата година, со температура ретко над 10 ° C. Во паркот има околу двесте водопади. Сепак, за време на посуви периоди од годината, многу од нив пресушуваат и нивото на водата е сведено на минимум. Најголемите водопади се сместени во регионот Две Медицини, во долината Мекдоналд и водопадот Свифткрурент во областа на глечерите. Еден од највисоките водопади е водопадот на птици, кои паѓаат од 150 метри висина на долината под северната падина на планината Оберлин.

Најголемото езеро е Мекдоналд, со површина од 27 квадратни километри. Долго е приближно 16 километри и длабоко 130 метри а лежи на надморска височина од 961 м.  Езерото е дом на бројни автохтони видови пастрмка и други ретки риби. На западниот брег на езерото има шарени камења во различни бои од светлоцрвена па се до зелена и сина. Бојата на камењата зависи од присуството или отсуството на железо, односно од количината на оксидација. Многумина веднаш помислуваат дека ова се обоени камења, но всушност тука сликар е природата.

Друга необична работа на западниот брег на езерото е тоа што секоја боја има свое образложение: црвената значи дека каменот се наоѓал плитко во водата и почесто бил изложен на воздух. Зелената боја значи дека каменот се наоѓал подлабоко во водата и бил помалку изложен на воздух. Езерото е опкружено со густа зимзелена шума во која доминираат разни видови смрека, ела и ариш.
Па поради разнобојноста на камењата,проѕирната и чиста вода езерото привлекува илјадници посетители годишно.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR