Кои се најморничавите напуштени градови? 2 Дел

Некогашни градови во кои живеело население пред неколку години, денеска сведочат за историјата и животот со своите остатоци. Сеуште не рушените згради и куќи, луна паркови, школки од автомобили, делови од занаетчиски материјал, се остатоците кои сведочат за некогашниот живот на овие градови.
Ви ги претставуваме 10-те најморничави напуштени градови во светот.

6.Колманскоп- Намибија (Напуштен од 1954 година)

Сјајно обоени тапети кои се лупат од ѕидовите, трошните куќи сега се преплавени од брегови песок ова е Колманскоп, град-дух во пустината Намиб во јужна Африка, во регион познат како „забранета зона“. И приказната за тоа како дошол до тука е исто толку чудна како глетката на градот денес. Пустинскиот град бил изграден кога Германци откриле големи минерални богатства во регионот. Тие го изградиле градот во германски стил, со театар, сала за балови, како и со трамвајски систем, прв во Африка. Пустината го проголтала градот, откако рударите се отселиле. Песокот ги преплавил куќите, ги покрил улиците и полека ги избришал знаците од цивилизација.

7. Островот Хашима- Јапонија ( Напуштен од 1974 година)


 За време на индустриската револуција во Јапонија, компанијата „Мицубиши“ го изгради овој далечен остров, околу едно големо наоѓалиште на јаглен. Островот станал дом на 5.000 жители, кои биле помеѓу првите, кои во Јапонија живееле во згради направени од бетон. Скоро еден век, рударите со своите семејства живееле на островот. Сепак, во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, во Јапонија почнале да се затвораат сите рудници за јаглен, па така се случило и со овој. Денеска во градот владее една пост-апокалиптична атмосфера, со празни улици и трошни згради и една морничава индустриска тишина. Од 2009 година, островот е отворен за туристи, и сите можат да ги посетат напуштените театри, кина, продавници, згради и другите објекти на него.

8.Орадур Сур Глан- Франција (Напуштен од 1944 година)

За време на Втората светска војна се случило едно од најлошите злосторства на ова место, убивајќи 642 луѓе и целосно го уништиле. Запалените автомобили и живеалишта останале замрзнати во времето за да посведочат за монструозноста на војната и за спомен на луѓето кои го изгубиле својот живот. Овој масакр е еден од најтешките моменти во човештвото. Сите посетители на местото се замолуваат да останат тивки додека шетаат по меланхоличните улици.

9.Централија- Пенсилванија (Напуштен од 1962 година, уште живеат неколку жители)

Во 1962 година, избувнал пожар во една депонија во градот. Пожарот кој брзо се ширел ги потпалил и наоѓалиштата за јаглен кои се наоѓаат под градот и оттогаш до ден денеска, огнот не престанува. Чад излегува од дупките по улиците и огромни дупки ненадејно се отвораат насекаде по земјата испуштајќи пламени и топлина која достигнува до 1.000 степени. Градот пополека низ годините бил евакуиран, иако мал дел од жителите сè уште не сакаат да се иселат, верувајќи дека се случува заговор против нив од страна на државата, за да им бидат одземени имотите под кои се наоѓаат големи наоѓалишта на јаглен.

10.Хемберстон- Чиле (Напуштен од 1960 година)

Од 2005 година овој град е заштитен од УНЕСКО. Хамберстон бил рафинерија за шалитра и се наоѓал во пустина, северно од Чиле. Животот во Чилеанскиот пампас бил екстремно редок, а населбата како Хамберстон била живеалиште и место за работа на многу рудари. Сепак, непријателската животна средина се покажа како непријатна и заканувачка по животот на жителите.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR