Белград за Велигден

цена од

139

ДЕН

сега од

119

ДЕН

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
14.04.2023
16.04.2023
Автобус
Хотел

Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.

Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.

 

Што е вклучено во цената

  • Две ноќевања во хотел (со доручек) во двокреветни или повеќекреветни соби во Белград.
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 300 денари
  • Туристичка такса од 1.5 евро / 93 денари по ден
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.

План и програма

1.Ден 14.Април 2023. / Скопје – Србија – Белград:

Состанок на групата во 03:00 на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнување за Белград во 03:30. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови, сместување во хотел. Следува разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт)..По разгледот е предвидено факултативно крстарење по реките Сава и Дунав и запознавање на

градот од поинаков агол. Во вечерните часови е предвидено факултативна посета на некоја од Белградските кафани каде ќе го запознаеме надалеку познатиот Белградски ноќен живот. Ноќевање.

2.Ден 15.Април 2023. / Белград – Нови Сад:

Појадок. По појадокот – Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро-варадинската тврдина…во попладневните часови – враќање во Белград. Во вечерните часови можност за факултативна вечера во некоја од Белградските кафани на Скадарлија.Ноќевање.

3.Ден 16.Април 2023. / Белград – Србија – Македонија – Скопје:

Појадок. Напуштање на Хотел. Се упатуваме во новоотворениот трговски центар Галерија, кој се наоѓа на новата атракција во градот позната како Београд на води. Слободно време. Во попладневните часови тргнување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Сместување

Хотел Србија 3*

Хотел Србија 3*** сместен е во пријатна населба во градот Белград. Хотелот има 18 ката, а едниот ресторан на хотелот е сместен на 18 от кат од каде што додека појадувате имате можност да го гледате целиот град. Исто така хотелот поседува и ресторан на приземјето каде што ќе имате можност да пробате интернационална храна. Собите се 1/2 и 1/3 и секоја соба има сосптвено купатило. До центарот на градот е одалечен 4-5 километри.

Цени

Од

14.04.2023

До

16.04.2023

Цена

139 ДЕН

Промо Цена

119 ДЕН

Од

14.04.2023

До

16.04.2023

Цена

129 ДЕН

Промо Цена

109 ДЕН

Важно

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • Во случај да нема доволен број на патници од наведените градови за превоз, се организира трансфер.
    За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За одржување на факултативните излети се потребни 25 патници
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Бeлград и назад.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Нови Сад

Цена за пакет: 25e

Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро-варадинската тврдина…

Крстарење по Сава и Дунав

Цена за пакет: 25e

Запознајте го Белград на поинаков начин. Разглед на Белград од реките Сава и Дунав:  Вливот на Сава во Дунав, Големиот воен остров, Калемегданскиот парк и београдската тврдина, Кулата Небојша. Дорчол, Соборната црква, Београдските мостови на Сава.

Вечера на Скадарлија

Цена за пакет: 20e

Ова е вероватно е едно од најпознатите места во Белград. Улицата е долга околу 500 метри и се наоѓа во најстрогиот центар на Белград. Скадарлија била слабо осветлена, поплочена со калдрма кој бил обичај за турската империја и тој обичај е задржан до ден денес. Скадарлија е место кое денес е посетено од страна на секој турист кој иде во овој град. На оваа улица се наоѓаат прочуените кафани Три Шешира, Два Јелена, Има дана… Во Скадарлија едно време живеел и познатиот сликат Момо Капор. Ова е одлична прилика да го запознаете Белград на вистински начин

Разглед на Белград

Цена за пакет: 10e

Запознајте го Белград на поинаков начин со Балкан Фан. Разглед на Белград со придружба на локален водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт)

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

149

EUR

сега од

125

EUR