Хотел CALYPSO – Лето во Сивири 2024

цена од

139

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
26.05.2024
22.09.2024
Сопствен
Хотел

ЕТА ве води на летен одмор во Сивири поради фактот дека овој предел на првиот крак е прогласен за еден од пределите во Грција на најтоло море! Сивири е дестинација идеална за семејства со мали деца, возрасни луѓе кои бараат мир и спокој, добра сенка, густа борова шума, уживања и ноќни прошетки.

Сивири е едно од многубројните туристички селца кои се наоѓаат на првиот крак, Касандра. Поставено на западната страна на кракот, покрај преубавите борови шуми, Сивири нуди повеќе песочни и плитки плажи, и секако едно прекрасно зајдисонце и поглед кон планината на боговите, Олимп. Во близината на Сивири, се наоѓа и античкиот амфитеатар, кој во текот на летните месеци се користи за концерти на познати пејачи од Грција и од Балканот. Сивири е место каде што имате и голем маркет, неколку таверни и секако кафулиња кои се поставени токму на преубавата песочна плажа.

ЕТА во свој сопствен закуп го има три ѕвездениот хотел Калипсо, во кој можете да резервирате одмор од 7 ноќевања со вклучен појадок или да споите два термини со 14 ноќевања. Доколку сакате да го резервирате хотелот отворете го нашиот веб-сајт ескејптравел.мк, отворете го хотелот, кликнете на терминот кој ви одговара, доколку ви пишува РЕЗЕРВИРАЈ тоа значи дека има слободни соби, кликнете на собата која ви одговара, селектирајте дали со вас има деца, пополнете ги податоците (доколку пасошите ви се во изработка, вметнете го стариот број на пасош, а новиот ќе ни го кажете дополнително), селектирајте дали сакате да уплатите целосно или само 30% депозит.

Дали знаете дека доколку уплатите он-лајн вие ќе добиете дополнителен попуст при самата уплата. Поефтино е да уплатите он-лајн отколку да не посетите во нашите продажни канцеларии? А дали знаете зошто? Затоа што ЕТА сака да ви заштеди на време, да избегнете гужва низ градот, а се стремиме кон тоа и да заштедиме харија и енергија.

Хотел Calypso е поставен во мирно опкружвање со борова шума, во селцето Сивири, на првиот крак на Халкидики, Касандра. Од најблиската плажа е оддалечен 7 минути пешачење, додека центарот на селото каде гостите ќе најдат бројни туристички содржини е на 600 метри оддалеченост. Хотелот располага со 22 соби, секоја од собите е опремена со тоалет со туш, клима уред, мини фрижидер, сателитска телевизија, фен, сеф и балкон со гарнитура за седење.

Хотелот Калипсо во Сивири, Грција е на прво место меѓу сместувањата во Сивири. Локацијата е оценета со 4.7 од 5, чистотата со 5.0, услугата со 4.2 и вредноста за парите докажува дека вреди да уплатите за одмор во хотелот. Хотелот нуди различни удобности вклучувајќи активности за деца и семејства.

Хотелот има свој приватен базен покрај кој можете да уживате во ноќните часови со вашите најблиски.

Навечер Сивири е раздвижано со семејства со мали деца. Има активности и игри за деца, има доста таверни на самото крајбрежје каде се подготвува морска храна, имате многу места за брза храна како што е грчкото гиро, слаткарници, места за сладолед и мноу друго.

Сивири има прекрасна шума, за оние кои се авантуристи може да прошетат пеш од Сивири до капелата на Свети Анаргиори, каде имате поглед кој ќе ве остави без зборови. Пешачењето е половина час во еден правец, а овде исто така ви се наоѓа прекрасната скриена плажа Св. Никола која им ја препорачуваме на луѓето авантуристи.

Сивири е познато и поради Фестивалот на Касандра, кој се одржува секој јули и август во големиот амфитеатар надвор од селото. Во Сивири има голем супермаркет за вашите секодневни потреби, барови на плажа, кафулиња и таверни со свежа риба.

Доколку појдете на одмор со автомобил ви препорачуваме да ја посетите Mola Kaliva која е оддалечена на 15 минути со автомобил од Сивири, прекрасна локација на која можете да вечерате со прекрасно зајдисонце.

За оние кои се уште не сакаат да резервираат и уплатат он-лајн, можат да ги посетат нашите продажни канцеларии, во Центар или Аеродром.

Канцеларијата во Аеродром се наоѓа во трговскиот центар Бисер, на прв спрат над самата пекара Силбо, а канцеларијата во аеродром ни се наоѓа на паркингот кој е наспроти трговскиот центар Рамстор. За лесно да не најдете во центар, ве советуваме да застанете на главните скали кои што се поблиску до музејот на град Скопје и да погледнете право кон паркингот.

И како за крај, не заборавајте да си купите ЕТА лојална Картичка, која изнесува само 100 денари, а вие на неа добивате реален поврат на средства. Што зачи дека доколку уплатите аранжман од 18.000 денари, вие ќе добиете поврат од 1200 денари.

Повеќе информации  за цени на www.escapetravel.mk

Погледнете го информативното видео за да дознаете се што е потребно

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања (наем)  со појадок (шведска маса)

-користење на хотелските знаменитости: рецепција, отворен базен, детски базен, лежалки и чадори покрај базен, сала за појадок, Wi-Fi интернет

 

Што не е вклучено во цената

-Патничко осигурување

-Индивидуални трошоци

-можност за доплата за ручек и вечера во ресторанот на хотелот

-Пијалоци во барот покрај базенот

-Превоз за возрасен повратен билет 50 еур / 40 еур во еден правец

-Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40Еур / 30 еур во еден правец

-Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно

План и програма

Сместување

1/2 студио

Двокреветните студиа се состојат од еден брачен кревет, мини фрижидерче и клима. Секое студио има тераса и тоалет.

1/3 студио

Трокреветните студиа се состојат од еден брачен кревет и еден единечен кревет, мини фрижидерче и клима. Секое студио има тераса и тоалет.

1/2+2 апартман

Четирикреветното студио се состои од еден брачен кревет во една соба, и еден кревет на извлекување и една софа во дневната соба кадешто се наоѓаат кујна, мини фрижидерче и клима. Во студијата тоалет и тераса.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Доплата за туристичка такса 1.5 еур по студио/апартман на ден и се плаќа во вилата.
-Цените се изразени во евра ЗА НАЕМ, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-За ова патување важат општите услови на Т. А. Ескејп Травел

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања