Италија за Велигден

цена од

159

EUR

сега од

139

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
21.04.2022
26.04.2022
Автобус
Хотел

По анализата и истражувањето коешто го направивме во Ескејп Травел, успеавме да создадеме аранжман за велигденско патување во Италија кое ќе биде за патници кои ќе сакаат да научат многу за културата на земјата и да добијат квалитетна програма со селектирани градови, наместо квантитативно трчање низ градовите.

На маса ни беа сервирани доста градови за посета, ние се одлучивме нашата програма да ја исполниме со три квалитетни градови и еден ден резервиран за уникатните Мурано, Бурано и Торчело места кои привлекуваат милиони туристи секоја година.

Нашата програма почитувани патници, нуди можност да уживате во уникатните моменти во Италија. Да вечерате со вашите блиски во ресторан во Верона, да уживате во чаша „Аперол-шприц“ на некој од познатите плоштади во Фиренца или пак да го искористите целиот ден за истражување на каналите, мостовите и тесните улични во Венеција и Мурано, Бурано и Торчело, а сето ова без да се брзате со ограничено време.

Од тие причини, последниот ден од нашата програма е Венеција, кога ќе бидете најодморени од патот до Италија и ќе може да уживате искористувајќи го целиот ден во градот. Во Венеција нè очекува нашиот пријател локален водич кој ќе ви раскаже од А до Ш за градот, историјата и културата.

Првиот ден од нашата програма е предвиден за посета на Венеција. Град за кој на сите нам ни е познат по каналите, гондолите, историјата, уметноста и храната. Нашата агенција одлучи Венеција да ја посетиме напладне кога ќе имаме време преку ден да уживаме во градот, но исто така сакаме да Ве задржиме и на зајдисонце кога се вклучуваат светилките на градот

Вториот ден го започнуваме со посетата на островот Мурано, далеку познат по вековната традиција во изработка на стакло, каде е всушност и фабриката за изработка на стакло, прошетка по островот, кратко слободно време, потоа продолжуваме кон Бурано, островот со најубавите шарени куќички и најдобрите рачни изработки од чипка. И за крај на оваа прекрасна прошетка, посета на Торчело, островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во овој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја.

Третиот ден е предвиден за посета на Фиренца, градот кој плени со својата убавина и историја. Град кој вреди барем еднаш да го посетите во својот живот. Град во кој е роден Данте Алигери, Америго Веспучи, Николо Макијавели, а живеел Леонардо Да Винчи каде ја слика познатата „Мона Лиза“. Во Фиренца се наоѓа познатата склуплтура „Давид“ на Донатело, а со ова веќе сосема ви е јасно каков град за посета имаме во нашата програма. Во Фиренца нè очекува нашата пријателка локален водич кој ќе ви раскаже од А до Ш за градот.

Четвртиот ден е предвиден за посета и разглед на градот на Ромео и Јулија; Арената, Виа Мацини, плоштадите Бра и Ербе, куќата на Јулија. Во секој град групата ќе има доволно слободно време за индивидуални прошетки, уживање во вкусот на Италија и шопинг.

Нашата програма вклучува локални туристички водичи поради една причина- Нашите патници да може да слушат и научат се за историјата и културата.

ПРОМО цена за резервации до 31.03.2022 – 139€/8.618ден
Редовна цена – 159€/9.858ден 

Што е вклучено во цената

Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
Сместување во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло (или околина) на база 3 ноќевања со појадок;
Организирана посети на градовите според  програмата;
Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

Што не е вклучено во цената

Задолжително патничко и здравствено осигурување;
Организирана посета на Венеција со брод вапорето – 20€;
Факултативна екскурзија со брод по островите Мурано, Бурано и Торчело – 35€;
Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 45€;
Доплата за туристичка такса (1-2€ по лице од ноќ);
Влезници по културно – историските  знаменитости и индивидуални трошоци.

План и програма

Ден 21.04.2022 (Четврток) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на паркингот спроти саем во 14.30 часот. Поаѓање за Италија во 15.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

Ноќно патување.

2.Ден 22.04.2022 (Петок) ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во претпладневни часови во Пунта Сабиони и заминување на разлед и посета на Венеција. Организран трансфер со брод – вапорето и прошетка низ уличките во градот на мостови и канали; Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. По разгледот заминување за Лидо ди Јесоло и сместување во хотел.

Ноќевање.

3.Ден 23.04.2022 (Сабота) МУРАНО – БУРАНО – ТОРЧЕЛО

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативно крстарење по островите на Венецијанска лагуна, Мурано, Бурано и Торчело. Започнуваме со посетата на островот Мурано, далеку познат по вековната традиција во изработка на стакло, каде е всушност и фабриката за изработка на стакло, прошетка по островот, кратко слободно време, потоа продолжуваме кон Бурано, островот со најубавите шарени куќички и најдобрите рачни изработки од чипка. И за крај на оваа прекрасна прошетка, посета на Торчело, островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во овој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја. Враќање во Лидо ди Јесоло. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки.  Ноќевање.

4.Ден 24.04.2022 (Недела) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и лулката на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: Црквата Санта Кроче, плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, крстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во попладневните часови враќање назад во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

5.Ден 25.04.2022 (Понеделник) ВЕНЕЦИJА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Верона. Посета и разглед на градот на Ромео и Јулија; Арената, Виа Мацини, плоштадите Бра и Ербе, куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Можност за шопинг во некои од најдобрите италијански брендови поставени на улицата Виа Мацини. Во попладневните часови заминување за Македонија. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

6.Ден 26.04.2022 (Вторник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

Сместување

Сместување во хотел со појадок во Лидо Ди Јесоло

Сместувањето е во Лидо Ди Јесоло во хотел со 3 ѕвезди на база на појадок.

Цени

Од

21.04.2022

До

26.04.2022

Промо цена до 31.03

Цена

159 EUR

Промо Цена

139 EUR

Важно

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
За влез вo Италија ќе важат мерките кои ќе бидат активни во моментот на влегување во државата.
За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање.
За еднокреветна соба доплатата изнесува 60€ на цената на аранжманот.
Трето возрасно лице на дополнителен кревет добива -10% попуст од цената на аранжманот.
Дете 2-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет добива -30% попуст од цената на аранжманот (попустот не се однесува на факултативите).
Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.
Организираторот го задржува правото за промена на цената на факултативите во случај на недоволен број на пријавени.
Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 15 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра.
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.
За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ескејп Травел.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Венеција

Цена за пакет: 20€

Венеција  — главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во Венецијанскиот Залив. Позната е и како „град на каналите“. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република. Градот бил основан во 569 година кога група бегалци, за да се спасат од инвазијата на Лонгобардите, се населиле во крајбрежната област. Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.

Посета на Фиренца

Цена за пакет: 45€

Фиренца е позната по својата историја. Центар на европската трговија и економија и еден од најбогатите градови на денешницата.Фиренца се смета за местото каде се родила ренесансата и била нарекувана Атина на средниот век. Во нејзината бурна политичка историја се вклучени периодите кога владеела силната фамилија Медичи и бројни религиозни и републикански револуции. Од 1865 до 1870 та година, градот бил исто така и престолнина на скоро основаното Кралство на Италија. Фиренца содржи повеќе палати и згради од различни епохи. Палацо Векио (во превод Старапалата) е градското собрание на Фиренца и исто така е и музеј на уметноста. Оваа голема романична тврдина-палата која има поглед на Piazza della Signoria ја има копијата на скулптурата на Давид од Микеланџело,како и галеријата на скулптури во непосредна близина на Loggia dei Lanzi. Оригинално наречена Palazzo della Signoria, по Сигнориа од Фиренца, владејачкото тело на Република Фиренца, исто така и беа дадени и неколку други имиња: Palazzo del Popolo, Palazzo dei Priori, andPalazzo Ducale, во согласност со различната употреба на палатата за време на својата долга историја. Зградата го добила своето сегашно име кога војводската резиденција на Медичи била преместена преку Арно во Палацо Пити.

Факултативна екскурзија со брод по островите Мурано, Бурано и Торчело

Цена за пакет: 35€

Факултативно крстарење по островите на Венецијанска лагуна, Мурано, Бурано и Торчело. Започнуваме со посетата на островот Мурано, далеку познат по вековната традиција во изработка на стакло, каде е всушност и фабриката за изработка на стакло, прошетка по островот, кратко слободно време, потоа продолжуваме кон Бурано, островот со најубавите шарени куќички и најдобрите рачни изработки од чипка. И за крај на оваа прекрасна прошетка, посета на Торчело, островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во овој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја.

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR