Кумбургаз 2023-Хотел Марин Принцес

цена од

281

EUR

сега од

175

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
06.06.2023
26.09.2023
Автобус
Хотел

Во 2019-та година први почнавме да го работиме Кумбургаз и имавме неколку групи или околу 300 среќни патници. Летото 2020 година реализиравме 10-тина  тури или однесовме околу 700 патници. Летото 2021-година направивме BOOM на македонскиот пазар со повеќе од 2.200 патници кои летуваа во Кумбургаз! Ова година КУМБУРГАЗ повторно достапен за вас! Во 2022 година во Кумбургаз летуваа околу 4000 среќни патници. 5-то лето по ред ве носиме на најбараната ХИТ дестинација во ТУРЦИЈА! Резервирајте по промо цени и летувајте 7 или 14 ноќевања во Кумбургаз.

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујукчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморно Море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!  Најдобриот хотел на сама плажа, MARIN PRINCESS.

ПО ПОТРЕБА, ОРГАНИЗАТОРОТ МОЖЕ ДА ЈА ПРОМЕНИ ПРОГРАМАТА И ВРЕМЕТО НА ВРАЌАЊЕ!!!

План и програма

Прв Ден

ПРВ ДЕН – Собирање на групата на паркингот на Хотел Русија во понеделник во 19 00 часот.  Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните  денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел MARIN PRINCES кој има своја приватна плажа.

Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.

Check in: 16:00 часот (локално време)
Check out: 09:00 часот (локално време)

СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.

Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз .

Ноќевање.

ПРВ ДО СЕДМИ ДЕН

Секој ден ззапочнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата.
За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се оди кон Кумбургаз.

Во Истанбул се посетува следното:

По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

Балат-Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски. По посетата групата има слободно време околу  час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт-Галата Порт претставува најновото пристаниште со ексклузивен Европски иглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

Таксим-Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

 

 

ОСМИ ДЕН

Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време, заминување кон Македонија во попладневните часови. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до часот на поаѓање. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Сместување

Хотел Марин Принцес 5*

Хотелот Marin Princes e  паметен избор за патници во Истанбул, кој нуди опуштен и мирен престој.
Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има три базени, од кои два на отворено и еден затворен. Располага со турска бања, сауна, масажа, џакузи, и фитнес сала.

Собите во хотелот Kumburgaz Marin Princess имаат мини фрижидер, фен, ТВ, клима. Некои соби имаат топла када и пространа седење. Хотелот служи голем појадок кој е вклучен  во цената. Гостите можат да се релаксираат веднаш до надворешниот базен, кој има тобогани.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Што е вклучено во цената

  • Седум ноќевања во хотелот Маrin Princess 5* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
  • Автобуски превоз
  • Бесплатни лежалки
  • Користење на 2 базени со солена вода
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола
  • Користење Wi-Fi во лоби на хотел

Што не е вклучено во цената

  • Туристичка такса од 0.5€ на ден од лице (се плаќа во автобус)
  • Патничко осигурување (1 евро од ден)
  • Факултативни излети.

Важно

  • Хотелот е на барање. За ова понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани.
  • Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секој понеделник. Секој вторник прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите, а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
  • Сместувањето во хотелот го одредува самио менаџмент. Ескејп Травел не гарантира за соба на приземје, кат како и за соба со поглед на море, улица или блок во хотелот.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 50% дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот на регуларната цена, доколку се придружувани со двајца возрасни а доколку е придружуван од еден возрасен плаќа целосна сума.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
  • За влез во Турција потребно е пасошот да е минимум до 6 месеци пред истекување.
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци (Дреново), Прилеп, Битола.
  • Промо цените важат исклучиво со целосна уплата
  • За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За споен термин се сметат две суми од промо цените.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
  • Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени. Полињата што се со зелено значат колку студиа се вкупно слободни. При резервација задожително контактирајте на 071/227-847 или 071/227-837 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.
  • Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секој понеделник. Секој вторник прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и  се пресметува од редовната цена.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Активните попусти не се комбинират со други попусти
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 0.5е од ден (Се плаќа во автобус)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз и појадок од Скопје до Кумбургаз и назад.
  • Цените се израсени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со двајца возрасни
  • При генерално чистење на секоја смена, собата се напушта во 09:00ч по локално време.
  • Собата која се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
  • Хигиената во собата за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори, а Ескејп Травел  како агенција нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се * * * * * * разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Доколку сакате да уплатите Online: Задолжително направете претходно резервација на 071227847 или пишете ни во порака на нашата фејсбук страница. Бидејќи можно е во системот да се внесуваат повеќе резервации истовремено.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР

Цена за пакет:

Третиот  ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и да уживате крај морето пиејќи традиционално кафе по турски вкус.

Балат

Цена за пакет:

Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партениј Зографски. По посетата групата има слободно време околу  час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт

Цена за пакет:

Галата Порт претставува најновото пристаниште со ексклузивен европски изглед коешто секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

Таксим Плоштад

Цена за пакет:

Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Балат,Галата Порт и Таксим Плоштад)

Цена за пакет: 65е

Сакате да го доживеете Истанбул во вистинско светло? Сакате да ги посетите сите знаменитости и да се вратите дома полни со импресии? Дали сакате да бидете вистински патник кој следејќи ги постапките на европските туристи своите пари ги вложува во знаење, уметност, култура, традиција и храна наместо во шопинг на гардероба и секојдневни работи коишто ќе ги најдете и кај нас? Тогаш ние имаме ВИП пакет само за вас! Вистински избор за вистинските патници. Нормално за да поминете поевтино и да ви останат пари за шопинг последниот ден, ние истиот го намаливме.
Цена: 65 евра (намалена од 75евра).

Шопинг Тура

Цена за пакет: 20е

Идеална Шопинг тура со Посета на:

– Капали Чаршија

– Outlet 212

– Продавница за благи Коска

– Трговски центар Gloria

Аквариум

Цена за пакет: 17е

Се посетува аквариум во трговскиот Floria so 5D проекција

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања