Велигден на Санторини

цена од

209

EUR

сега од

199

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
21.04.2022
25.04.2022
Автобус
Хотел

Ние испишуваме приказни чиј фокус е уникатноста на местото кое се посетува. Ги одбегнуваме комерцијалните приказни кои со години ги слушаме, а се фокусираме на она кое ја прави дестинацијата уникатна. Санторини е остров кој раскажува доста уникатна приказна. Не само по белите фасади навистани на стрмните карпи од каде се наѕира утринското сонце, туку и луѓето кои ја прават душата на островот. Сантроини има многу што да ви раскаже, затоа нашето семејство одлучи да ги опфати сите сегменти кои го сочинуваат животот на островот. Ескејп ќе ве спроведе низ тесните улични на фамозниот град Фира, ќе ве нагости со чаша локално вино и ќе ви ја раскаже приказната за маѓичните крстарења околу островот. Храната пак, тоа е јаготката на шлагот без која нема враќање во Македонија. Ве очекуваме да ни се приклучите на ова необично патување.

Што е вклучено во цената

-3 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел 3* во Периса
-Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
-Бродска карта на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
-Пратител на групата за времетраење на аранжманот
-Организација на патувањето.

Што не е вклучено во цената

-Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
-Факултативни излети
-PCR Тест за одење и враќање (за патниците кои не се вакцинирани)
-Индивидуални трошоци на патникот.

План и програма

ПРВ ДЕН (21.04.2022) ЧЕТВРТОК

Состанок на групата во 14:30 часот на паркингот A1 арена. Тргнувањето ќе биде во 15:00 часот. Следува возење преку Македонија и Грција со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формалности.

ВТОР ДЕН (22.04.2022) ПЕТОК

Пристигнување во Атина – Пиреа, во утринските часови. Поаѓање за Санторини од пристаништето во 07:25 часот. Предвидено е пристигнување на Санторини во 15:30 часот, следува трансфер до сместувањето. До вечерните часови следува слободно време за одмор и индивидуални активности. Во попладневните часови е
предвидена факултативна посета OIA, каде ќе го дочекаме еден од најубавите и најпознатите залези на сонцето. Враќање во Хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (23.04.2022) САБОТА

Појадок. По појадокот следува целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Пиргос (највисокото населено место на Санторини) Имеровигли, Фиростефани. По разгледот се враќаме во Хотел. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН (24.04.2022) НЕДЕЛА

Појадок. По појадокот факултативно крстарење со брод, и посета на вулканските острови. Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 2,5 евра), потоа со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон
старото пристаниште и се упатуваме (со магаре или жичара, се доплаќа 6 евра) кон Фира. Враќање во Хотел. Ноќевање

ПОСЛЕДЕН ДЕН (25.04.2022) ПОНЕДЕЛНИК

Појадок. Напуштање на сместувачките капацитети. По напуштањето на сместувањето се упатуваме кон Фира. Следува трансфер до пристаниште. Испловување од пристаништето во 15:25 часот. Предвидено е пристигнување во Пиреа во 23:30 часот. Следува ноќно возење преку Грција, со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формалности. Пристигнување во раните утрински часови во Скопје.

Сместување

Хотелско сместување со 3* во Периса

Сместувањето е во Периса. Хотелот ќе се знае кога ќе се затвори продажбата

Цени

Од

21.04.2022

До

25.04.2022

Сместување во 1/2 студио (мин. 2 лица)

Цена

229 EUR

Промо Цена

219 EUR

Од

21.04.2022

До

25.04.2022

Сместување во 1/3 студио (мин. 3 лица)

Цена

219 EUR

Промо Цена

209 EUR

Од

21.04.2022

До

25.04.2022

Сместување во 1/4 студио (мин. 4 лица)

Цена

209 EUR

Промо Цена

199 EUR

Важно

-Агенцијата издава ваучер за во случај:
-Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест и доставен на агенцијата)
-Затварање на граници

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
-Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
-За Грција од 24.01.2022 сите патници над 5 годишна возраст, при влезот во Р.Грција мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест не постар од 72 часа или потврда за негативен резултат од тестирање со рапид-тест, не постар од 24 часа до моментот на влез во Р.Грција, покрај сертификатите за завршена вакцинација или прележана болест (потврдата за прележана болест е валидна до 90 дена).
-За влез во Македонија назад за лица над 18 години потребно е сертификат за вакцинација; негативен антиген (не постар од 48 часа); ПЦР тест (не постар од 72 часа); доказ за прележан ковид не постар од 45 дена.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на винарија

Цена за пакет: 20€

Најубавата и единствена од таков вид винарија во Грција. G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300-та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното.

FUlL DAY SANTORINI

Цена за пакет: 35€

Целодневна екскурзија на островот. Почнувајќи веднаш по појадокот ќе ги посетиме следните знаменитости: Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Имеровигли. Разгледот го продолжуваме кон градчето OIA (Иа) каде ќе имате можност да го видите еден од најдобрите залези на сонцето. Оваа гледка ќе ве остави без зборови.

Крстарење со брод

Цена за пакет: 35€

Kрстарење со брод до вулканскуите острвои. Посета на новиот вулкан НЕА КАМЕНИ. Посетата следува со пешачење до врвот на висина од 130 метри, пешачењето трае околу 25 до 30 минути. По патот до врвот на вулканот ќе се посетат сите кратери на НЕА КАМЕНИ каде на самиот врв ќе го видиме активниот кратер. Тоа не значи дека ќе видиме оган и лава но ќе видиме присуство на големи количества на сулфур и дим. Излетот продолжува на стариот вулкан, ПАЛИЈА КАМЕНИ, каде ќе имате можност за посета на термалните вулкански води. На ова островче нема пристаниште, бродот застанува на 30м од термалните води и постои можност за капење. токму ова место го нарекуваат “здравјето на островот” каде сите туристи Се мачкаат со калта и се капат во термални води богати со железо кои се добри за кожата… По 40 мин слободно време екскурзијата продолжува на старото пристаниште во ФИРА. можност за искачување до фира со жичара или магариња кое е исто така едно посебно чуство и искуство на овој остров. ја посетуваме исто така црквата во Фира и по тоа имаме слободно време за прошетка.

Пиргос

Цена за пакет: 10€

Посета на најсветото место на островот- ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите Христијански верници, со специфичен  традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со смола која гори како илјадници запалени свеќички, кои и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. Оваа посета на Пиргос ќе ја паметите цел живот.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR