Велигден на остров Скијатос (3 ноќевања)

цена од

129

EUR

сега од

119

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
22.04.2022
25.04.2022
Автобус, Тракет
Вила

Приказната која ја пишува Скијатос може да ја прочитате само доколку го посетите островот. Нашата агенција еднаш го посети и реши да остане таму. Ова ни е веќе трета година како чекориме по тесните улички на градот Скијатос, пешачиме по прекрасните песочни плажи кои ги има островот и дишеме кислород кој го фабрикува боровата шума.

Скијатос е островот на „Мама Миа“ мјузиклот и остров кој ги цени квалитетните туристи и оние кои ѝ се восхитуваат на уметноста, културата и храната.

За оние што размислуваат дали треба да го поминат летниот одмор на островот, нашата агенција им организира викенд патување за Велигден кога островот живее.

Зајдисонцата кои ги има Скијатос, кафулињата кои нудат безброј уникатни моменти и зеленилата кои ги голтат плажите ќе ве поттикнат да се вратите повторно, но овојпат на една или две седмици.

Затоа не размислувајте многу, приклучете се на нашето патување за Велигден. Три ноќевања отцепени од градскиот метеж, со вашите најблиски и сакани, со морето пред вас.

Што е вклучено во цената

Три ноќевања во студиско сместување во градот Скијатос
Автобуски превоз
Повратен билет Волос-Скијатос-Волос
Туристички придружник за време на патувањето

Што не е вклучено во цената

Факултативни излети како крстарење до Скопјелос и посета на плажите на Скијатос
Патничко осигурување
Трошоци за храна
Индивидуални трошоци

План и програма

Прв ден- Четврток (21.04)

Поаѓање кон Скијатос во доцните вечерни часови. Доколку имате дневни работни обврски треба да знаете дека поаѓањето ќе биде доцна во ноќта и ќе се патува навечер, со тоашто пристигнувањето на пристаништето ќе биде во петок наутро. За точното време на поаѓање агенцијата ќе ве информира дополнително.

Втор ден- Петок (22.04)

Пристигнување на островот во претпладневните часови. Сместување во вилите кои ги имаме на располагање.

Слободен ден.

Ноќевање.

Трет ден- Сабота (23.04)

Уживање на островот Скијатос, со можност за крстарење до островот Скопелос, односно реализација на „Мама Миа“ турата од Скијатос до плажата Лаларија, па до Скопелос со посета на значајни места каде се снимени сцени од мјузиклот „Мама Миа“.

Враќање назад кон Скијатос.

Ноќевање.

Четврти ден- Недела (24.04)

Уживање на островот Скијатос, со можност за организирана посета на неколку значајни плажи на островот.

Ноќевање.

Петиот ден- Понеделник (25.05)

Уживање на островот Скијатос.

Во договореното време со водичот се одјавуваме од сместувањата и со куферите се упатуваме кон пристаништето од каде и се враќаме назад кон Македонија.

Пристигнување во Македонија во ноќните часови.

Сместување

Сместување во студија во градот Скијатос

Сместувањето ќе биде во градот Скијатос во двокреветни и трокреветни студија.

Цени

Од

22.04.2022

До

25.04.2022

Промо цената важи до 09.04.2022

Цена

129 EUR

Промо Цена

119 EUR

Важно

За реализација на ова патување важат општите услови на ТА ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ
Патниците треба да ги почитуваат протоколите на земјите во кои престојуваат
За влез во Грција ќе важат мерките кои ќе бидат активни во моментот на влегување во државата
Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
Напуштањето на собите е во 10:00ч по локално време
Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
Објектите располагат со 1/2 и 1/3 и 1/4 студиа на приземје и кат.

Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења. Климата не е вклучена во цената на аранжманот и истата се доплаќа кај сопствениците на објектите.

Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а  Ескејп травел  како агенција нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos

Цена за пакет: Ценaта на излетот ќе се знае дополнително

Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.

Истражување на повеќе плажи

Цена за пакет:

Кукунариес е една од најпознатите плажи на Скијатос., се наоѓа на јужната страна на островот. Плажата е пространа и секој може да ужива на свој начин. Во бројните барови што се одоколу можете да се напиете Фрапе, ладно пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга.  За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот, а секако имате и помирен дел каде што можете да уживате во интимна атмосфера.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR