Велигден на островот Крф 2022

цена од

139

EUR

сега од

119

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
21.04.2022
25.04.2022
Автобус
Вила

Сакате да сте сведоци на една поразлична велигденска прослава? Сакате да бидете сведоци на традицијата која се раскажува секоја година за велигденските денови? Да бидете на Крф за Велигден не е секојдневие.  Атмосфера на радост, веселба и славење на свети Спиридон чии мошти се изнесуваат од гробницта и носат по улиците на градот нуди едно поразлично доживување. Сплет на културолошките активности со прославата на Велигден е далеку поразлична од било кое место во целиот свет. Ова четиридневно уживање ќе ве воодушеви и ќе ви отвори сосема нови видици за тоа како се слави Велигден на овој остров. Без разлика дали сте биле на островот Крф летно време или не, прославата за Велигден претставува нешто друго. Програма која ја реализираме со години, во продолжените повеќе детали..

 


Термин: 21.04 – 25.04 (3 ноќевања)
Цена 119 евра до 09.04
Редовна цена 139 евра

 

План и програма

ПРВ ДЕН (21.04) ЧЕТВРТОК

Собир на групата пред Дрводекор околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо на еден ден пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Ноќно возење со попатни паузи.

ВТОР ДЕН (22.04) ПЕТОК

Траектот е во утринските часови. Возењето со траект би бил на релација Игуменица – Лефкими или Игуменица – Крф. Патниците добиват инфо на 2 дена пред поаѓање. Пристигнување на Крф. Сместување во апартманите. Краток одмор. Програмата започнува со посета на стариот град Крф. 16:00часот – Велики Петок е денот на Христовото страдање. На Крф, присуството на хоровите и илјадниците странски и домашни посетители дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар го свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22.00часот. 

По завршувањето на овие настани, групата се враќа во Ипсос, каде препорачуваме да посетите некоја од локалните таверни. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (23.04) САБОТА

Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга легенда пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови.

Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.

15:00 часот – Враќање во Ипсос. Слободно време за одмор и индивидуални активности.

21:30 часот – Поаѓање кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото воскресение.
На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет.

 Враќање во Ипсос. Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН (24.04) НЕДЕЛА

Овој ден е предвиден за запознавање на местото ПАЛЕОКАСТРИЦА.

Ако природниот рај има име, тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица- место богато со историја, богато со природна убавина, плажа која од која поубава. По пат кон ова легендарно место ќе направиме една пауза за посета на музеј-фабриката Мавроматис. Фабриката го носи името на семејството кое најдолго се занимава со одгледување и произведување на најразлични производи од овошјето кумкват. Дрвото кумкват потекнува од Јужна Азија и е толку егзотично што во Европа, успева само на Крф и во Шпанија. При нашата посета овде ќе имате прилика да погледнете краток документарен филм од кој ќе научите малку повеќе за историјата и потеклото на овошјето, неговото преработување и сите производи што произлегуваат од неговата преработка. Најубавиот дел од искуството е секако бесплатната дегустација на ликерите и слатките со разни вкусови по што може да се одлучите за омилениот и да си го купите како карактеристичен сувенир од Крф, кој ќе ве потсетува на доживеаното патување.

При нашиот целодневен излет ќе го посетиме 13 века стариот манастир кој гледа на Палеокастрица од високо и воодушевува со медитерански шарм. Пред влезот на манастирот во панорамата пред нас се гледа и карпата за која се верува дека е бродот на Одисеј. Легендата вели дека во своето патување кон Итака застанал и на Палеокастрица каде топло бил пречекан од Кралот на Феичаните и неговата ќерка. Во манастирот Дева Марија, покрај прекрасната архитектура и глетки може да го посетите и византискиот музеј, со експонати од манастирот пред неговата обнова.

Враќање во апартманите.
Moжност за традиционална прослава со ручек во грчка таверна. Слободно време за одмор. Забава во еден од најатрактивните ноќни барови во Ипсос. Олеа со својот уникатен декор и маркантното маслиново дрво во центарот на подиумот веднаш ќе ви го привлече вниманието и ќе ве освои со атмосферата. Ноќевање.

 

ПОСЛЕДЕН ДЕН (25.04) ПОНЕДЕЛНИК

Последниот ден на островот го резервираме за посета на палатата Ахилеон. Напуштање на собите во Ипсос до 10:00ч, по што се упатуваме кон селото Гастури каде се наоѓа оваа палата, изградена од Австро-унгарската императорка, Елизабета позната како принцезата Сиси. Оваа палата била користена како нејзина летна резиденција се до нејзината трагична смрт, по што останала напуштена до 1907год, кога ја купува Кајзер Вилхем 2 од Германија. Во денешно време е музеј со прекрасна градина, скулптури, фрески и други уметнички дела кои ќе ни ја откријат митологијата и историјата на островот со доволно приказни што ќе ни останат во сеќавање долго и по пристигнувањето дома. Во меморијата сигурно ќе ви се вреже и приказната за животот на императорката која откако ги губи своите деца станува опседната со одржување на својата младост, фигура и убавина и за таа цел преземала драстични мерки. Патувајќи сама и барајќи го својот мир, наоѓа восхитување во грчката митологија, култура и јазик па затоа и во архитектурниот стил на палатата како главна тема се провлекува јунакот Ахил, а и самата палата го добива неговото име. Патниците кои нема да се пријават за посета на палатата, имат слободно време за прошетка низ градот Керкира. 

Во попладневните часови  го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје.

Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

Сместување

Сместување во приватни апартмани

Сместувањето ќе биде во приватни апартмани во местото Ипсос (20 км од градот Керкира)

Цени

Од

21.04.2022

До

25.04.2022

Промо цена до 09.04.2022

Цена

139 EUR

Промо Цена

119 EUR

Што е вклучено во цената

3 ноќевања во Ипсос (20 км од градот Крф)

Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје

Повратен билет за траект

Следење на целата програма за Велигден (превоз и водство до прославите во градот Крф)

Туристички придружник од агенција

Што не е вклучено во цената

Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис (15 евра од лице)

Посета на Ахилеон палатата (15 евра од лице) Транспорт и влезница

Велигденски ручек-/ (Цена дополнително)

Патничо осигурување

Индивидуални трошошци

Важно

    • Т.А EСКЕЈП ТРАВЕЛ издава ваучер за одложување на патување во случај:
    • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест),Затвoрање на граници и Виша силa
      • Патниците при уплата се изјаснуват за користење на екскурзиите
      • За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
      • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
      • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
      • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
      • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
      • Сместувачките капацитети се приватни сместувања во Ипсос.
      • Сместувачките капацитети располагат со 1/2, 1/3 и 1/4 студиа.
      • Хигиената во самиот објект ја одржуват гостите.
      • Користење на клима не е вклучена во цената и истата се доплаќа кај сопствениците на објектите
      • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис

Цена за пакет: 15€

Посета на Ахилеон палатата (Палатата на Сиси)

Цена за пакет: 15€

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања