Велигден во ЗЛАТИБОР

цена од

9990

ДЕН

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
21.04.2022
25.04.2022
Автобус
Хотел

Одиме на продолжен и релаксиран викенд за Велигден во Златибор.

Што е вклучено во цената

Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
Три ноќевања со појадок во хотел Централ Ин 4* ( https://centralinnzlatibor.com/ )
Посета на Врњачка Бања
Посета и влезница за музејот во Сирогојно со локален туристички водич
Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Што не е вклучено во цената

Туристичка такса и хотелско осигурување 93 ден. на ден по лице (се плаќа во агенција)
Посета на Вишеград, получасовно возење со брод по Дрина , Андриќград, Шарганска осмица и Изворот Бела Вода со локален туристички водич – 20 евра
Посета на каубојскиот град Ел Пасо со локален туристички водич и вклучена влезница – 10 евра
Свечен Велигденски ручек во ресторан – 20 евра
Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)
Деца 0-1,99 год гратис (без седиште во автобус)
За деца од 2-9,99 год. се одбива 4.990 ден. (сопствено седиште во автобус)
За деца од 10-14,99 год. се одбива 2.490 ден. (сопствено седиште во автобус)

План и програма

Прв ден: 21.04.2022 (Четврток)

Состанок на групата во 21:30 часот во Кавадарци, 23:00 во Скопје и 23:30 часот во Куманово и тргнување кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмор.

Втор ден: 22.04.2022 (Петок)

Пристигнување во Златибор во утринските часови и  заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во хотел Централ Ин 4* (  https://centralinnzlatibor.com/ ) кој се наоѓа во строгиот центар, срцето на Златибор. Слободно време за одмор и прошетка низ Златибор со можност за посета на некоја од православните цркви за Велики Петок и индивидуална вечера. Ноќевање.

Трет ден: 23.04.2022 (Сабота)

Појадок. Факултативно, заминување на групата кон Вишеград (Босна и Херцеговина). При пристигнувањето се упатуваме кон едно од најзначајните обележја на овој град, Мостот на Дрина. Следува возење со брод по Дрина со разглед на куќата на Иво Андриќ и Белата Кула. Последната станица на бродот е Андриќград, ремек делото на познатиот филмски режисер Емир Кустурица кој го направил овој “град во град”, посветен на познатиот писател Иво Андриќ. Слободно време за ручек и прошетка низ градот. Во пладневните часови враќање кон Златибор со попатна посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во вечерните часови враќање во Златибор.  Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и за познатата златиборска пршута и кајмак. Можност за посета на црквата ,, Св. Преображение Господово”, која е во непосредна близина на хотелот и присуство на полноќна  Литургија за Христовото Воскресение. Ноќевање.

Четврти ден: 24.04.2022 (Недела)

Појадок. Факултативно заминување на групата кон каубојскиот град Ел Пасо кој се наоѓа на 20 км. од Златибор. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад. Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на градот. Враќање во Златибор со можност за заеднички празничен Велигденски ручек во ресторан во центарот на Златибор и за возење со екстра луксузната најдолга гондола во светот ‘Голд гондола’. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

Петти ден: 25.04.2022 (Понеделник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања и слободно време за прошетка по познатата Променада, индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Сместување

хотел Централ Ин 4*

Хотел Централ Ин 4*

Цени

Од

21.04.2022

До

24.04.2022

Цена

9990 ДЕН

Важно

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
За сместување на 3-то лице во студио/апартман се одбива 1.790 ден.
За сместување на 4-то лице во студио/апартман се одбива 2.690 ден.
За еднокреветна соба се доплаќа 4.990 ден.
За аранжман со сопствен превоз се одбива 1.490 ден. по лице
ТА Ескејп Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред тргнување.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR