Зимување во Банско: Bansko Spa & Holidays

цена од

169

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
07.10.2024
21.01.2024
Автобус
Хотел

За оние кои барате аранжмани со организиран автобуски превоз, тогаш вие сте на вистинското место. ЕТА ве води во Банско! Резервирајте го вашиот јануарски викенд и уживајте во термалните води на прекрасниот хотел Bansko Spa & Holidays. Хотелот има двокреветни, трокеветни, четирикреветни соби и апартмани за двајца, тројца и четворица.

Организираниот превоз е од Скопје, а аранжманите се со 3 или 4 ноќевања. Проверете ги термините подоле и одлучете се за најидеалната опција.

Повеќе за хотелот можете да прочитате подоле во описот на сместувањето.

Доколку сте семејство со деца до 12 години и сакате да ја проверете вкупната цена, при внесување на децата кликнете дека тој патник е дете за да дојде до минусирање на цена.

Цените се по лице за сите ноќевања со појадок и вечера, користење на спа и базен и организиран превоз од Македонија!

Што е вклучено во цената

  • 3 или 4 ноќевања со појадок и вечера по лице
  • Автобуски превоз превоз Скопје – Банско – Скопје
  • Туристичка такса за возрасни и 2 деца над 6 години
  • Доколку сте семејство со деца до 12 години и сакате да ја проверите вкупната цена, при внесување на децата кликнете дека тој патник е дете за да дојде до минусирање на цена.

Што не е вклучено во цената

  • Туристичка такса за 2 деца од 0- 5,99 години и истата се плаќа во хотел по 0,6 еур на ден
  • Туристичка такса за возрасни 1,2 еур на ден по лице,се плаќа во хотел
  • Индивидуални трошоци

План и програма

ПРВ ДЕН: Поаѓање од Скопје

Поаѓање од Скопје во раните утрински часови, а за точното време добивате смс порака на 2 дена пред поаѓање.

Пристигнување во хотелот за време на Check in кој е во 14:00 часот.

Првиот ден групата започнува со вечера во хотелот.

ВТОР И ТРЕТ ДЕН

Слободно време за уживање. Понудите се со појадок и вечера.

ЧЕТВРТИ И ПЕТТИ ДЕН

Во зависност од тоа дали имате аранжман со 3 или 4 ноќевања групата се одјавува после појадокот и во договорено време е поаѓањето назад кон Скопје.

Сместување

Bansko Spa & Holidays

Хотелот е изграден во 2007 година во модерен стил. Bansko SPA and Holidays не е само познат по својата добра локација, туку и по одличните спа третмани и загреан минерален базен со лековита вода од селото Елешница. Хотелот има класичен ресторан и таверна, каде што ќе најдете традиционални јадења и разни специјалитети од интернационалната кујна.

Хотелот им нуди на гостите луксуз и удобност, како и широк спектар на спа терапии и дополнителни услуги. Во спа центарот во традиционален ориентален стил и атмосфера, ќе најдете загреан минерален базен со лежалки, која е погодна и за деца, модерен простор за релаксација, џакузи, парна бања, Финска сауна и амам. Професионалните терапевти ќе ви понудат преку 30 видови спа терапии и масажи на лице и тело.

На територијата на комплексот има две детски игралишта за најмалите. Еден се наоѓа на ниво 1 и е отворен цел ден. Второто детско катче се наоѓа во Банско и Холидејс таверната Банско и работи во работното време на таверната. Двете детски катчиња имаат друштвени игри, играчки и рамки за качување погодни за деца над 3 години.

Хотелот располага со 98 соби.

6 апартмани со една спална соба – Спална соба со балкон, пространа дневна соба со софа кревет и фотелји и бања со када или туш. Во собата ќе најдете кафе, чај и вода, како и бокал за топла вода.

6 спектакуларни пространи студија – Семејни студија, чија локација на последниот кат гарантира уникатен поглед на врвовите на планината Пирин. Сите се опремени со софа кревет.

74 двокреветни соби – Сите двокреветни соби во Банско СПА имаат простор за седење, софа кревети (единечни и двокреветни), ТВ, Wi-Fi или LAN конекција. Во секоја бања ќе најдете када со туш и тоалети и додатоци.

12 мансардни економични соби со уникатен поглед! Погодни за парови – романтични соби со поглед на планините покриени со снег!

Собите ги одредува менаџментот на хотелот.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

Седиштата се селектираат врз основа на уплатата

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Уживање кое нема цена!

Цена за пакет:

За овој аранжман не постојат фактултативни излети, затоа уживајте во вашиот престој и во лековитите термлани води 🙂

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

149

EUR

сега од

139

EUR