Златибор за Нова Година

цена од

240

EUR

Поаѓање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
29.12.2022
Автобус
Хотел

Меѓу најпопуларните места во Србија за туризам којшто е уметност. Златиборци се познати по својата снаодливост и мудрост.  Златибор е планина која никого не остава рамнодушен, ама баш никого. Мора да се доживее, за да потоа се прераскажува. Лоциран е на околу 500 километри северно од Скопје. Борова шума насекаде околу вас, а накитените борови со снег ви даваат впечаток како да сте на најубавото место во светот. Планината ве плени со сиот свој сјај, воздухот ве маѓепсува и конечно не ви преостанува ништо друго освен да се опуштите и да уживате во вистинска смисла на зборот.  Ова е место за сите генерации.

План и програма

Прв ден: 29.12.2022 (Четврток)

Тргнување на групата во 22:30 од Скопје и 23:00 часот од Куманово кон  Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.

Втор ден: 30.12.2022 (Петок)

Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери по кои Сирогојно е познато во светот. Во пладневните часови сместување во Туристичко Рекреативен Комплекс Златибор https://trkzlatibor.rs/ (ex SRC Wai Tai), кој се наоѓа на одлична локација во центарот на Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор.  На Кралскиот плоштад ќе има организирана предновогодишна забава, која ќе може индивидуално да ја посетите. Вечера.  Ноќевање.

Трет ден: 31.12.2022 (Сабота)

Појадок. Факултативно заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот “Бела Водa” и познатата железница “Шарганска Осмица”. Во попладневните часови враќање во Златибор. Вечера. Подготовка за дочек на Нова Година и можност за индивидуална прошетка низ центарот на Златибор. Дочек на Нова Година на Кралскиот плоштад и забава со познатиот “Београдски Синдикат” или по сопствен избор во некој од многуте ресторани или кафе-барови. Ноќевање.

Четврти ден: 01.01.2023 (Недела)

Појадок. Посета на каубојскиот град Ел Пасо. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад … Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град и го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на местото. Враќање во Златибор и слободно време за индивидуална прошетка и шопинг низ градот. Вечера. Организирана посета на Кралскиот плоштад и забава со Индира Радиќ или индивидуални активности. Ноќевање.

Петти ден: 02.01.2023 (Понеделник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Прошетка по познатата Променада со можност за индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Сместување

Хотелско сместување со 3*

Туристичко Рекреативен Комплекс Златибор https://trkzlatibor.rs/ (ex SRC Wai Tai), се наоѓа на одлична локација во центарот на Златибор.

Цени

Од

29.12.2022

До

02.01.2023

Двокреветни економи соби на 3 кат:

Цена

14890 EUR

Од

29.12.2022

До

02.01.2023

Апартмани на 3 кат:

Цена

16190 EUR

Од

29.12.2022

До

02.01.2023

Реновирани лукс соби на 2 кат:

Цена

18990 EUR

Што е вклучено во цената

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Три ноќевања со појадок и вечера во Туристичко рекреативен комплекс Златибор во центарот на Златибор https://trkzlatibor.rs/ (ex SRC Wai Tai)
  • Посета на етно село Сирогојно со локален туристички водич
  • Посета на Ел Пасо
  • Посета на Врњачка Бања
  • Организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник на патувањето
  • Можност за организиран превоз од Кавадарци и Велес

Што не е вклучено во цената

  • Посета на Дрвенград, Бела Вода и Шарганска осмица со вклучена влезница и локален водич – 15 евра
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување (информации во агенција)
  • Туристичка такса 279 денари по лице за 3 ноќи (се плаќа во агенција)
  • Можност за организиран превоз од Кавадарци и Велес

Важно

  • Деца до 2 години бесплатно (не користи седиште во автобус во случај на организиран превоз)
  • Деца од 2–7 години бесплатно за аранжман со сопствен превоз, доплата 4.990 денари за пакет аранжман со организиран превоз (со сопствено седиште во автобус)
  • Деца од 7-12 плаќаат 50% од цената на аранжманот
  • За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници
  • За еднокреветна соба се доплаќа 50% од редовна цена на аранжманот
  • 4 и 5 лице за сместување во апартман плаќаат – 30% од ценат
  • Цени за аранжман со сопствен превоз за 3 полупансиони:
    • Двокреветни економи соби на 3 кат: 9.920 ден. по лице
    • Апартмани на 3 кат: 12.090 ден. по лице
    • Реновирани лукс соби на 2 кат: 16.120 ден. по лице
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Дрвенград, Бела Вода и Шарганска осмица

Цена за пакет: 15 евра

Дрвенград е  дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот “Бела Водa” и познатата железница “Шарганска Осмица”. Помеѓу 1999 и 2003 делот преку Шарганскиот премин бил изграден од српското министерство за туризам и југословенската железница, сега српска железница, со голема помош од Емир Кустурица, славен филмски директор, чиј роден град  е Дрвенград  кој е близу станицата на Шарганската осмица во Мокра Гора.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

Нема пронајдени патувања