Познато шарено турско лижавче

Ова лижавче ќе го препознаеме сите ние кои барем еднаш сме биле во Истанбул зар не? Кога одиме во посета на историскиот центар на Истанбул сите ние минуваме по најпознатата трамвајска улица која води од населбата Аксарај до палатата Топ Капи. Во целата таа гужва од туристи имате можност да ги видите и малубројните уличните продавачи и нивните мали тезги.
На сите туристи вниманието им го привлекуваат продавачите кои пред себе имаат метални садови кои наликуваат на кружни кутии за сладолед наполнети со густа леплива течнот во разни бои. Секоја преграда е полна со течност и секоја од нив има различен вкус, се мота околу стапче со што потоа станува цврста и најчесто се продава како лижавка со спирален облик во повеќе бои. Всушност оваа течност е течна бонбона која се стврднува откако вештите продавачи ќе ја подготват вашата нарачка. Името на оваа лижавче е маџун, а потекнува од Османлиско време од градот Маниса.


За ова лижавче постои и приказна која вели дека за првпат е направена во 1527година по наредба на Султан Сулејман Величествениот како лек за закрепнување на неговата мајка Ајше Хафса попозната како Валиде Султан. Неможејќи да пронајдат лек, била направена посебна паста од многу билки и зачини, точно 41 различна врста чија цел била да излечи 41 болест. На списокот со состојки се нашле: куркума, ѓумбир, мошус, црвена детелина, цимет, морско оревче, детелина, ванила, кокос … Овој лек многу и помонал на султанката и таа била импресионирана па наредила да се подели на населението кое се собриало кај султанската џамија. Султанот исто така бил презадоволен од неговите лековити својства па затоа наредил да се празнува на денот на пролетната рамноденица и секогаш на тој ден да се раздели маџун на сите луѓе во престолнината.

Маниса до ден ден секоја година има фестивал кои се вика Маџун и се одржува на првиот ден од пролетта.Турција во 2012 година го стави на листата на нематеријално светско културно наследство под заштита на UNESCO. Маџунот е нематеријален од аспект на неговата историја и обичаи, но вкусот е многу реален! Поточно кажано маџунот има силен вкус и се разликува од сите бонбони и лижавки кои до сега сте ги вкусиле.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR