Романтичен град со модерна историја и неверојатна архитектура

Нафплио нај впечатливиот и нај романтичниот град е сместен во источниот дел на грчкиот полуостров и историската провинција Пелопонез во седиштето Арголида. Низ многу анкети и истражувања оние кои го посетиле, го ставаат на врвот на листата од сите грчки места. Нафплио е еден од ретките градови чија модерна историја е многу поважна од античката, поради тоа што градот бил прва престолнина во периодот 1829-1834 години, по што Атина трајно ја презеде оваа улога. Климата во Нафплио е медитеранска, со топли и долги лета и благи и дождливи зими, бројот на населението е околу 15.000 жители.


Зачуваното градско јадро со големо влијание на западната архитектура значително придонело за тоа што денес му дава на Нафплио еден вид шарм. Архитектурата е мешавина од повеќе култури, а духот на уличките, шарените фасади и кафулињата среде улица е неповторлив и привлекува многу домашни и странски туристи, особено за викенди.

Доколку одите во Нафпило тогаш посетете го и замокот Паламиди еден од најубавите замоци во Грција. Се наоѓа на 216 метри надморска височина,а само 999 чекори пешачење ве делат од врвот, каде ве очекуваа прекрасен панорамски поглед.


На само 10-минути пешачење јужно од замокот Паламиди ќе стигнете до плажата Каратона, примамлив залив полн со кафулиња и традиционални таверни покрај вода. На оваа плажа можете да бидете сигурни дека ќе пливате во некои од најчистите води што сте ги сретнале во текот на вашиот живот. Исто така вреди да ги посетите и популарните плажи Арванитија и Нераки.

Нафпилио е новото местенце кое треба да го истражите во следна прилика.

Најнови патувања