Град познат под имeто „малата Венеција“


Колмар е скапоцениот камен од Алзасе сместен во подножјето на планината Вогези во Франција има околу 86.000 жители. Најнеобичниот мал град во кој ќе стапнете, се поврзува со новогодишните и божиќните празници, кога украсите и светилките го прават да изгледа надреално, но градот е многу популарна дестинација, не само за време на празниците, туку и во текот на целата година.

„Француската Венеција“ или „малата Венеција“ го нарекуваат поради реката Лаух, која поминува низ него, мостовите и каналите. Возењето со гондола претставува незаборавно искуство, уживајќи во маѓепсувачкото шаренило на околината.


Колмар за првпат се споменува во историските документи во 823 година. Скулпторот Фредерик-Огист Бартолди, кој ја дизајнирал американската статуа на слободата, живел во овој град. Градот воодушевува со автентична архитектура која е спојот на германската и француската архитектура од 8 век. Бројни дрвореди, леи со нежни цвеќиња, балкони и прозорчиња кои најчесто се преплавени од цветни водопади и насмеаните и весели жители ќе ве пречекаат во Колмар. Интересно е дека бојата на фасадите во Колмар ја симболизира професијата на семејството што живее во куќата, а бројот на срцата на вратите значи дека жената што е внатре или е мажена или е слободна.


Доколку одлучите да патувате во Колмар задолжително треба да го посетите музејот „Унтерлинден“, кој е сместен во стар манастир на доминиканските калуѓерки. Тука е сместено големо богатство, од неолитската до современата уметност, можете да видите и едно од најзначајните дела на европската уметност – Изенхајмскиот олтар, кој е направен во втората деценија на 16 век во Антониевскиот манастир, во малото место Изенхајм, дваесетина километри јужно од Колмар. Во времето кога настанал биле во мода таканаречените расклопливи олтари, чии крила можеле да се рашират како слики. Гиневалд токму тука го насликал своето животно дело, поради кое го нарекуваат „прв експресионист, 400 години пред експресионизмот“.


Во малиот Колмар преовладуваат сончевите денови, тој е вториот најсушен град во Франција, што значи дека ќе имате можности да вкусите многу убави локални вина. Во градот се одржува и саемот на виното и меѓународниот фестивал на класична музика. Во рестораните се пие вино, се сервираат специјалитетите и тоа: фламкухен(еден вид пица со многу тенко тесто), чадена свинска коленица со кисела зелка, но и зелка со пет вида месо.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR