Специјалитети во турскиот појадок

Појадокот е најважниот оброк кој не треба да се прескокне, според експертите за исхрана ова е нај значен оброк од денот. Турскиот збор „kahvaltı“ во превод значи појадок пред кафе. Во Турција постојат специјализирани ресторани за појадок и во ваквите ресторани стана тренд да се појадува заедно со целото семејство, особено во поголемите турски гардови. Традиционалниот турски појадок се состои од неколку видови бело сирење, кашкавал, домати, краставици, повеќе видови маслинки, јајца (пржени со сучук), менемен, сувомеснати производи, путер, џем, мед, бурек, ѓеврек, и други бели пецива, пропратно со појадокот се пие и топло чајче а по завршување турско кафе.  Но покрај клaсичните производи на масата може да се најде и по некој специјалитет.


Otlu peynir или Тревно сирење се произведува од овчо или козјо млеко, но со додавање на 20 вида билки познати како дива трева по кои и го добило името. Како билки кои обично се додаваат се дивиот лук, сирик, хелиз, мендо и коњското нане. Овој тип на сирење преку растенијата која ги содржи во себе помага во варењето на храната и ја прочистува крвта од микро-организмите, а се произведува во источна Анадолија.


Хелим е солено тврдо сирење од кипарско потекло, се произведува од пастеризирано козјо млеко, сол и со додавање на малку нане. Ова сирење може да се подготви и од кравјо и овчо млеко, но за да има подобар вкус најчесто се подготвува од козјо или овчо млеко.  Во Турција ова сирење oбично се јаде откако ќе се испече на скара или ќе се испржи во тава со малку маслиново масло.


Ѓозлеме е традиционален турски специјалитет направен од идваш лебот или од преклопено тесто внатре со разни полнења како спанаќ, сирење и магдонос, мелено месо, компири, кашкавал и се готви во големи калапи (традиционален сач), најчесто ѓозлемето го прават повозрасни жени.


Бурекот е општо име за солени печива направени со тенки кори, постојат повеќе видови на бурек но најпознати се: Су бореи се прави со зовриени кори во повеќе слоеви меѓу кои се додава сирење и магдонос, и едно од омилените јадења на многу луѓе.
Sigara böreği или цигара бурек е исто така омилено меѓу белите пецива се прави од тенки кори кои се во вид на тријаголник, се полни најчесто со сирење и спанаќ а се мота во вид на цигара по што го и добило името.


Менемен е традиционално турско јадење без кое не може да се доручкува, се подготвува од  јајца, домати, зелени пиперки и зачини како што се црн пипер, црвен пипер, сол и оригано се пржи слично со кајганата. Јајцата, обично се пржат со путер, во менеменот може да се додадат и кромид и лук, овој специјалитет се јаде со леб


Чилбирот е специјалитет од јајца послужени со јогурт и лук е подготвува со фил од јајца и јогурт, а често се додаваат и лук, пиперка и путер. За да ги направите јајцата како што треба изберете свежи и ладни јајца, бидејќи ако отстојат стануваат водени, па додека се готват нема да се обликуваат добро за да остануваат подолго притиснати и нема да „танцуваат” во тавата. Така полесно и ќе знаете кога се готови, бидејќи жолчката ќе биде течна, а белката тврда.


Доколку некогаш се подготвувате за бизнис средба во Турција немојте да се изненадите ако наместо „работен ручек“ биде „работен појадок“.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR