Убавините на Будва

Позната по своите плажи и ноќниот живот, Будва е една од најпопуларните туристички дестинации во Црна Гора.Некогаш мал и тивок крајбрежен град, денес, Будва е метропола на црногорскиот туризам и еден од најгласните и преполни градови на црногорското приморје во текот на летото.

Една легенда кажува дека Будва била создадена од Феникиецот Кадм кој нашол засолниште на ова место за него и неговата жена Хармонија. Туристичката содржина на ова летувалиште е збогатено со традиционални културни, забавни и модни манифестации. Преубавиот стар град, опкружен со ѕидини е место каде се вкрстуваат влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. “Будванска ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради кои се доаѓа на оваа прекрасна локација.

Стариот град

Една од главните работи што треба да се направи во Будва е истражување на нејзиниот чуден стар град. Опкружен со камени sидови, историскиот центар на градот е исклучително шармантен благодарение на тесните патеки и улиците со калдрма.. Најдобар начин да го откриете Стариот град е да одвоите време едноставно да талкате по улиците и да си дозволите да се изгубите меѓу улиците со камени ѕидови.

Свети Стефан

Свети Стефан е летно одморалиште за елитни туристи и за туристи кои копнеат по гламур. Кога на крајот на 1940 година беше донесена одлука со која се вели дека ова место треба да се претвори во туристички објект, започна создавањето на новата историја за Свети Стефан.Островот Свети Стефан денес е најпознат како модерно летно одморалиште. Овој убав остров можат да го посетат само туристите кои платиле тура со водич, а е отворен само за време на летната сезона. Се наоѓа многу блиску до Будва, а е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран. Во минатото бил мало рибарско градче кое доживеало неверојатна трансформација во осумдесетите години и стана најпознат туристички центар во Црна Гора за сите љубители на луксузот. Овој остров е познат по престојувањето на многу познати актери, пејачи, кралеви, принцови и уметници од целиот свет.

Плажа Јаз

Сместена на само 10 минути возење од Будва, на оваа плажа може да се рекреирате на различни начини. Може да кампувате бидејќи има место за приколки и шатори, а може и да пробате повеќе видови водни спортови. Јаз често ја посетуваат оние кои сакаат да искусат нешто поразлично.Оваа плажа е за сите оние кои имаат авантуристички дух, бидејќи половина од плажата е резервирана за нудисти.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR