Уникатно село кое наликува на бајка

Проектот познат како „Бурџ Ал Бабас“ за жал е напуштено село во Мудурну Турција, кое се протега на површина од  250 хектари и има стотици вили-замоци во готски стил слични на замоците од филмовите на Дизни. Името е од арапско потекло и доаѓа од зборовите – „Бурџ“ што значи „кула“ или „бедем“, додека „Ал Бабас“ се однесува на реномирана бања во регионот.


Селото има 732 вили и секоја од нив се протега на површина од 324 метри квадратни, трговски центри, хотели и 2 конгресни центри. Продадени се 350 замоци на инвеститори од Катар, Бахреин, Кувајт, Дубаи и Саудиска Арабија, но никој уште не дошол ниту да живее таму, ниту на викенд. Надворешноста на замокот е изработена во француски стил со украсени фасади, балкони на Јулија и кружни куполи што ги красат замоците. Внатре, некои се целосно готови, а некои не се ни започнати, завршени се 587 од планираните 732 замоци во Бурџ ал-Бабас.


Проектот е започнат од групацијата Sarot во 2011-та година и бил предвиден за луксузен центар кој ќе привлекува многу туристи но е оставен на забот на времето. Иако буџетот од 200 милиони долари уште не е потрошен, инвестициската група се откажала од проектот, бидејќи не успеале да продадат ниту половина од вилите.


Економската криза која гo зафати светот ги остави недвижнините непродадени поради високите цени и неможноста на обичните луѓе да си ги дозволат. Во ова село, секоја вила чини 400.000-500.000 долари и првично се наменети за клиентела од Средниот Исток. Моментално Бурџ Ал Бабас има долг од околу 26 милиони евра, а групацијата очајно се обидува да продаде барем 100 замоци. Сепак, проектантите и архитектите имаат надеж дека проектот ќе се заврши до крај на 2021-ва година.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR