Неколку познати места во Србија кои секој од нас треба да ги посети (1дел)

Се мислите каде да одите за продолжениот викенд, ви препорачуваме да го посетите нашиот северен сосед Србија за тоа ви е потребно само желба и  личната карта. Многу од нас се одлучуваат да ги посетат познатите градови Белград, Нови Сад, Ниш… ,а ретко кој ги посетил овие 3 локации кои ќе ви остават посебен впечаток наменети за оние што сакаат да видат нешто поразлично.

Семетешко Езеро
Семетешко Езеро се наоѓа на западната страна на Копаоник во селото Семетеш на само 200 метри од Националниот парк Копаоник. Според геолозите ова езеро настанало пред повеќе од милион години како резултат на топење на мразови. Езерото има пречник од 60 метри, се снабдува со вода од  подводните извори и од двата извори кои се наоѓаат над водата. Точната длабочина на ова езеро не може да се измери, бидејќи изворите се толку широки и длабоки и нивните струења ги влечат нуркачите надолу. Просечната температура на водата во езерото е околу 10 степени, а во летните месеци се искачува и над 20 степени. Она што е интересно за езерото е тоа што во него има острови кои пловат додека дува ветар, па поради тоа езерото е прогласено за хидролошки споменик на природата. Најголемото пловно островче е долго околу 15 метри и е обраснато со растенија, па дури и неколку високи стебла.  

Локалното население раскажува две легенди во врска со езерото првата е дека самовилите се собирале на ова езеро, и ноќе понекогаш можело да се слушне глас на водни чудовишта бидејќи минувачите имаат крв во нивните вени и самовилите реагират на тоа. Другата легенда вели дека некој свештеник сакал да го изврши жнеењето на денот на Свети Кирил, па локалното население го предупредило да не работи ништо на тој ден, но не ги послушал и започнал со работа по што земјата се отворила, и ги проголта и него и коњите, а на самото место се појавила вода која и денес трепери.


Крупајско врело
Крупајскиот извор се наоѓа во источна Србија под западниот дел на планината  Белјаница, од десната страна на Крупајската река, на надморска височина од 220 метри. Изворот се наоѓа помеѓу селата Милановац и Крупаја и спаѓа во групата варовнички извори со температура на водата меѓу 9-11 °C. Изворската вода истекува формирајќи поток со вкупна должина од 435 метри и тече прво кон север, а потоа влева во Крупајската река. Изворот има и брана која е изградена поради мелницата и е со висина од околу 3 метри, која пак формирала езерце со должина од 40 метри и ширина од 17 метри. Водата од езерото се прелива преку ѕидот на браната како привлечен водопад. Како и поголемиот дел од варовничките извори, и овој се карактеризира со многу променлив воден капацитет во текот на една година. Кај мелницата се наоѓа бетонска чешма со пет метални цевки од кои истекува топла вода со температура од 26 °C, оваа вода потекнува од природен термален извор. На десетина метри од чешмите се наоѓа друг термален извор кој во облик на минијатурен водоскок кој настанал сам од себе од геолошката пукнатина. Доколку сакате да уживате во идилата на крупајските извори, природата, вода со чудесна сина боја, мирно место и добра храна, тогаш вистинскиот избор за вас е Крупајско врело кое едноставно мора да се види и доживее .


Споменик на природата Ѓаволски Варош
Ѓавоски град е ретко чудо на природата т.е карпеста образба на планината Радан на 27 km југоисточно од  Куршумлија во јужна Србија. Се наоѓа на висина од 600 m и има 202 необични земјени пирамиди, високи се од 2 до 15 метри и широки од 4 до 6 метри. Создадени се од ерозија на почвата поради голема вулканска активност пред повеќе милиони години. Повеќето кули имаат „глави“ или „капи“ од андезит, кои ги штитат од понатамошни одрони.
Покрај камените образби овде има и два извора: Ѓаволска Вода е ладен извор со крајно минерална вода со pH 1,5 и голема концентрација на минерали, додека пак Црвено Врело изворот е со лековита минерална вода со pH 3,5. Ваквите води се многу ретки и се користат во бањско лекување, но не се препорачливи за пиење бидејќи не се доволно испитани.

За ова место постои легенда која вели дека станува збор за скаменети сватови. Многу одамна на тоа место живееле скромни и мирни жители па тоа му пречело на ѓаволот, и тој подготвил „ѓаволска вода“ за да заборават на семејните односи. Откако луѓето ја испиле водата тие заборавиле на семејните односи па решиле да се омажат брат и сестра а тоа е недозволиво, сето ова пробала да го спречи самовилата но не успеала и помош побарала од бог. Бог ги послушал нејзините барања и и помогнал со тоа што задувал силен ладен ветер и ги скаменил сите и ги оставил да сведочат за тоа дека ниту еден грев нема да остане неказнет. Ѓаволски варош е класифициран во Седумте српски чуда и во категоријата историски и културни споменици на Србија. 

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR