Menu

8-ми Септември во Истанбул

цена од

99

EUR

сега од

89

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Патувајте во Истанбул за викендот за 8-ми Септември. Истанбул е дестинација која е недалеку од Македонија, а која вреди да се доживее. Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни. Дали сте знаеле дека ние како агенција веќе пет години ги испишуваме најубавите приказни покрај Босфорот? Дали знаете дека имаме постигнато два рекорди како Македонска агенција, од кои рекордниот број на Македонци на приватен брод на Босфор за дочек на Нова година.

Што ви говори ова? Ова кажува дека доколку се одлучите да патувате со нас, Вие ќе бидете во сигурни раце.

Тим кој постојано расте и се шири.

Тоа сме ние, Ескејп и Истанбул. Приказна која постојано се испишува.

Во продолжение погледнете видео од крстарење по Босфор со еден клик ОВДЕ.

Во продолжение погледнете видео од познатата Истиклал улица на Таксим Плоштад со еден клик ОВДЕ.

Што е вклучено во цената

Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
Автобуски превоз Лиценциран придружник
Лиценциран туристички водич
Посета на Капали Чаршија Tуристичка такса
Посета на турската продавница „Коска“
Шопинг во 212 центарот

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување
Факултативи излети
Индивидуални трошоци

План и програма

ПРВ ДЕН (08.09) ЧЕТВРТОК

Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето.Турата стартува од паркингот на Вип Хотел околу 15:00 часот од Скопје.Ноќно возење со попатни паузи,царински формалности,презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена.Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање,во врска со точното време и место на поаѓање.Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата,доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

ВТОР ДЕН (09.09) ПЕТОК

Пристигнување на групата во Истанбул.

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж,каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж.Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.

Chech in во хотелот е после 14:00 час.

По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот,а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот,а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето во чаршијата.

Облакодерот „Сафир“.
Кулата Сафир е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде со сите патниви се искачуваме на највисокиот спрат од кулата, а каде има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон европската и азиска стана на градот. Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијаод 15 минути низ најбитните знаменитости во Истанбул.
Ортаќој
Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат трафиционалниот специјалитет Турски Компир и да ги направат најубавите фотографии.
ТРЕТ ДЕН (10.09) САБОТА
По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:

Крстарење по Босфор

90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете.
Балат
Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори.Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски. По посетата групата има слободно време околу  час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт
Галата Порт претставува најновото пристаниште со ексклузивен Европски иглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

Таксим плоштад
Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

ЧЕТВРТИ ДЕН (11.09) НЕДЕЛА

По појадок во хотелот, одјавување и посета на продавницата КОСКА доколку сакате да купите локум, баклава или традиционално слатко за дома. Од Коска следува време за шопинг во Аутлет 212 во Истанубл.

Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.

Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу 2 ипол до 3 часа слободно време за шопин. По шопингот, поаѓање кон Македонија.

Предвидено е пристигнување во после полноќ во Скопје.

Сместување

Хотелско сместување со 3*

Сместувањето е во хотели на база на 3* со вклучен појадок.Хотелите се наоѓаат во населбата Аксарај или Лалели,која важи за една од најстарите населби кои постоеле уште во Костантинопол.

Цени

Од

08.09.2022

До

11.09.2022

Промо цена до 15 август

Цена

99 EUR

Промо Цена

89 EUR

Важно

Задолжителна проверка на пасошот.
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Сафир и Ортаќој

Цена за пакет: 35€

Ова факултатива се купува како пакет а во неа се вклучени  облакодерот Сафир  со вклучена 7D проекција и посета на Ортаќој.

Пакет 2 (Крстарење по Босфор, Балат,Галата Порт и Таксим Плоштад)

Цена за пакет: 60€

Крстарење по Босфор

90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете.
Балат
Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори.Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски. По посетата групата има слободно време околу  час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт
Галата Порт претставува најновото пристаниште со ексклузивен Европски иглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

Таксим плоштад
Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

Вип Пакет

Цена за пакет: 90€

-Ги вклучува сите факултативни излети.

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања