zako.mk © 2024
По целосно продадениот аранжман за 8-ми Септември за Римини, имаме ново патување за 23-ти Октомври за Римини! Искористете го викендот и ова патување за да се запознаете со прекрасниот предел на Емилија Ромања. Да уживаме на плажите во Римини, да ги посетиме Сан Марино, Болоња, а на враќање гратис посета на Трст.
Состанок на групата на паркингот кај хотел Русија во 09:00 часот. Поаѓање за Италија во 09:30 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
Пристигнување во Римини. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Препорачуваме посета на плажите кои се во близина на хотелот. Во вечерните часови уживајте во некој од локалните ресторани и барови и прошетка низ стариот град во Римини. Ноќевање.
По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Болоња, еден од најубавите градови во регионот Емилиа Ромања. Познат по многу работи, универзитетскиот центар на Италија, кој ќе ве воодушеви со специфичната црвена боја на фасадите, град кој ќе ви понуди едно гастрономско искуство кое никогаш нема да го заборавите. Во вечерните часови враќање во Римини. Ноќевање.
По појадок во хотелот, слободно претпладне за индивидуални активности. Во попладневните часови, се упатуваме на факултативна посета на Република Сан Марино. Една од најмалите држави во светот. Стариот град е прогласен за културно наследство на УНЕСКО, поставен е на највисокиот дел од планината Титан, и нуди преубав поглед на целиот регион. Прекрасен град кој ќе ве остави со воздишки. Продолжуваме кон Сантарканџело, типичен град за регионот, кој нуди вечерна забава, пазар на занаетчии и улично шоу. Во договорено време се упатуваме кон хотел. Ноќевање.
По појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање кон градот Трст кој е бесплатен за посета и е вклучен во цената на аражманот. По посетата на Трст продолжувме кон Македонија.
Пристигнување во Македонија во попладневните часови.
Сместување во Римини во хотел со 3 ѕвезди со вклучен појадок.
За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.
-За реализација на факултативните излети за Болоња и Сан Марино со Сантарканџело се потребни минимум 35 патници
-Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
-Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
-Резервации за одреден кат или страна не е можна.
-Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
-Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
*Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на Ескејп Травел и СКТМ*
Сте слушнале за ЕТА CASHBACK картичката?
Со секоја ваша уплата на аранжман, добивате CASHBACK поени изразени во денари. Патникот добива повраток на средства од 400 до 4.100 денари CASHBACK во зависност од уплатата.
Болоња, центарот на Италија и на Европа, е крстосница на знаење и искуства и отсекогаш била место на размена и комуникација. Болоња е главен град на регионот Емилија Ромања, позната како црвената, учената и дебелата. “Црвена“ поради бојата на циглите на зградите и улиците, “учена“ односно образована, во чест на нејзиниот универзитет прв во Европа и “дебела“ поради неодоливите гастрономски производи како и различните видови салами, тортелини и вина. Историскиот дел на градот може да се посети одејќи пеш, можеби започнувајќи ја прошетката од Пјаца Маџоре каде што е сместена Базиликата на Сан Петронио, најпознатата и најграндиозната црква во Болоња, и е шестата најголема во Европа. Потоа се стигнува до Двете Кули, симболот на градот: Гарисенда, цитирана од Данте во 31-то пеење од Пеколот и кулата на Азинели од која пак може да и се восхитувате на целата Болоња.
Ако има мали земји на планетата, една од нив е Сан Марино, најстарата република во светот. Тоа е во Европа, сместено во Италија и е многу при рака, па можеби, додека патувате таму, можете да се приближите до тоа да го знаете тоа.
Вечерна прошетка во еден од типичните градови за Ромања, вечерна улична забава, пазар на занаетчии и улично шоу. Полудневна тура.
За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.
-За реализација на факултативните излети за Болоња и Сан Марино со Сантарканџело се потребни минимум 35 патници
-Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
-Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
-Резервации за одреден кат или страна не е можна.
-Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
-Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
*Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на Ескејп Травел и СКТМ*
zako.mk © 2024