Menu

Лутра Едипсос – Евија за 11-ти Октомври

цена од

169

EUR

сега од

149

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Едипсос или Лутра Едипсос е најпознатата и најстарата бања во Грција, специфична по комбинацијата од термалните извори кои се влеваат директно во Егејското море. Во прилог на тоа дека се работи за една од најстарите бањи оди и фактот што бањата се спомнува во делата на славниот грчки филозоф Аристотел. Во Римско време тука поминале Хадријан, Септимиј и Марко Аурелиј, од овој периот се славните римски бањи – Сила.

Редовна цена на аранжманот 169€ 10.478 денари
Цени по лице за најмалку 2 лица во соба

Што е вклучено во цената

Превоз  со туристички автобус на наведената релација;
Сместување во хотел  Лито 3* во центарот на Едипсос на база 3 ноќевања;
Исхрана на база полупансион;
Превоз со брод траект на релација Глифа – Евија – Глифа;
Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време патувањето;
Туристичка такса.

Што не е вклучено во цената

Задолжително патничко осигурување
Факултативна посета на Прокопи – 15€;
Факултативен посета на Лихадонисија – 35€;
Индивидуални неспоменати трошоци.
Доплата за еднокреветна соба 45€

План и програма

1. Ден 11.10.2023 (среда) СКОПЈЕ – ЛУТРА ЕДИПСОС
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 00.30 часот. Поаѓање за Евија во 01.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица – Евзони со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување местото Глифа. Качување на брод – траект према Евија островт, патувањето трае 30мин. Пристигнување во гратчето Лутра Едипсос околу пладне и сместување во хотел. Краток одмор од патувањето и заминување на пешачки разглед низ местото:
• термалните извори кои се влеваат во морето
• Хотел Thermae Sylla 5*
• Променадата и центарот
• Марината
Слободно време за индивидални прошетки, можност за ручек во некоја од традиционалните грчки таверни поставени долж морето. Вечера. Ноќевање.
2. Ден 12.10.2023 (четврток) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС
Појадок. Ден предвиден за индивидуални активности и прошетки или можност за полудневна посета на местото Прокопи, познато по манастирот посветен на Св. Јован Руски.
• Поаѓање: 10:00
• Возење проследено со прекрасни пејсажи на островот Евија
• Влегување во централниот дел на Евија, предвидено време на пристигнување: 11:30
• Посета на црквата Св. Јован Руски. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годишно привлекува голем број на верници. Од левата страна на црквата има одел каде е ременот на светиот Јован Руски. Посетителите имаат можност да го стават ременот на себе, се верува дека има исцелителни моќи.
• Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири.
• Пауза за одмор и релаксација до предвиденото време за поаѓање во 14.00 часот
Враќање во Лутра Едипсос, можност за користење на природните базени на отворено со минерална вода кои се влеваат во морето. Вечера. Ноќевање.
3. Ден 13.10.2023 (петок) ЕДИПСОС- ЛИХАДОНИСИЈА - ЕДИПСОС
Појадок. За време на Вашето патување, архипелагот од вулкански острови Лихадонисија уште наречен Грчки Сејшели е ‘’must see’’ факултатива која ќе го збогати вашето патување со незаборавно доживување.
Излетот започнува од местото Кавос од каде се испловува со глисер и се крстари покрај 15 мали острови од вулканско потекло. Во текот на крстарењето ќе имате можност да видите фамилии на медитерански фоки, кои секоја година се сместени на овие простори поради недопрената природа и мирот во кои уживаат. Исто така голема е веројатноста во текот на пловењето да видите и делфини, кои безгрижно пливаат покрај глисерите. Коралните гребени кои се забележливи со голо око низ кристално чистата вода се само доказ дека оваа недопренa природа со право се нарекува рај на земјата.
После крстарењето околу архипелагот се застанува на најголемитот остров од сите каде ќе имате слободно време за уживање на плажа, бар и традиционален ручек. Враќање во Едипсос во попладневните часови. Вечера. Ноќевање.
4. Ден 14.10.2023 (сабота) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите и заминување кон пристаништето Агиос Кампос. Качување на брод траект до Глифа. Патувањето продолжува кон Скопје со кратки попатни паузи за одмор, фришоп и обавување на царински формалности, планирано пристигнување во вечерните часови.

Сместување

Хотел Лито 3*

Сместено во центарот на Лутра Едипсу, Lito нуди сместување со приватен балкон и бесплатен Wi-Fi пристап. Има ресторан, додека многу продавници и кафулиња може да се постигнат во непосредна близина.

Собите и апартманите во хотелот Лито се украсени во топли бои и имаат дрвени подови. Тие се опремени со сателитски LCD телевизор, мини бар и фен. Сите единици се климатизирани и звучно изолирани.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација на аранжманот потребна е минимална уплата на 30% депозит доплатата потребно е да се регулира најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Распределбата на седиштата во автобус е според ред на уплата, за одбирање на конкретно седиште во автобусот доплата изнесува 10еур по седиште (за минимум 2 седиште) освен првиот ред кој е резервирај за персоналот.
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже.
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.
– За овој аранжман важат ОУ на патување од СКТМ и Ескејп Травел.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Факултативна посета на Прокопи

Цена за пакет: 15€

Факултативен посета на Лихадонисија

Цена за пакет: 35€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања