Menu

Прага во Октомври 09.10.2026 – 12.10.2026

цена од

359

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
09.10.2026
12.10.2026
Авион
Хотел

Прага и Карлови Вари – Доживејте ја магијата на Чешка

Подарете си незаборавно патување во срцето на Европа и откријте ги убавините на Прага и Карлови Вари – две дестинации кои пленат со својата историја, архитектура и единствена атмосфера.

Прага, позната како „градот на стоте кули“, ќе ве воодушеви со своите живописни улици, величествени градби и безвременски шарм. Прошетајте низ историскиот центар, преминете преку познатиот Карлов мост, уживајте во погледот кон реката Влтава и откријте ги тајните на еден од најубавите европски градови.

Патувањето продолжува кон Карлови Вари – најпознатиот бањски град во Чешка, прочуен по своите термални извори, раскошни колонади и елегантна архитектура. Градот нуди мирна и префинета атмосфера, идеална за прошетки, релаксација и уживање во природните убавини и локалните специјалитети.

Ова патување е совршен избор за љубителите на културата, историјата и европската архитектура, но и за сите кои сакаат да доживеат нови места, незаборавни пејзажи и автентична чешка традиција.

Придружете ни се и создадете спомени што ќе траат засекогаш, истражувајќи две од највпечатливите дестинации во Европа – романтичната Прага и елегантниот Карлови Вари.

Резервирајте го вашето место навреме и подарете си патување исполнето со убавина, елеганција и незаборавни доживувања.

Што е вклучено во цената

  • 3 ноќевања со појадок
  • Авионски билет  Скопје-Прага-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Лиценциран туристички придружник за време на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 5е од ноќ од соба  ( се плаќа во агенција)
  • Разглед на Прага , и посета на Карлови Вари – 50 евра пакет екскурзија ( плаќање во агенција )

План и програма

ПРВ ДЕН (09.10.2026) - ПЕТОК

Состанок на водичот заедно со патниците на аеродромот во Скопје, два часа пред полетувањето.
Летот е во 10:40 h наутро.
По пристигнување на аеродромот во Прага, по завршување на царинска формалност, трансфер до хотелот и сместување.

Прошетка до центарот,слободно време. Враќање во хотел.

Ноќевање.

ВТОР ДЕН (10.10.2026 ) - САБОТА

Појадок.

После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на Чешката престолнина, Храдчани со најголемиот средновековен замок во светот; Прашкиот замок, Белведере, Претседателската палата, Катедралата Свети Вит, Базиликата Свети Ѓорѓи, Новата кралска палата и Розенберговата палата со можност за самостојна посета на Златната уличка.

Преминување на Карловиот мост – една од најголемите знаменитости на Прага и идеално место за фотографирање. Прошетка низ центарот на градот до Староместске намести – најпознатиот и најубавиот плоштад во Прага опкружен со историски градби како што се познатиот Астрономски часовник, кој се смета за едно од најголемите богатства на Прага повеќе од 600 години, и црквата Тин, една од најимпресивните готски цркви во светот, која доминира во околината со своите две кули и висока 80 метри.

Слободно време за одмор и ручек во центарот на Прага.
Заминување кон хотелот и слободно време за релаксација.

Вечерта препорачуваме вечера во еден од типичните прашки пабови и уживање во специјалитетите на чешката кујна.

Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (11.10.2026) - НЕДЕЛА

Појадок.

По појадокот заминуваме за Карлови Вари, бајнски центар,мондемско место, колоритно гратче полно со историја и легенди…Посета на трите колонади, Термалниот извор или гејзер Вридло е природен феномен кој исфрла термална вода до 12 метри и 2000 литри во минута.
Овој извор денес се користи за термални бањи, Изворот се наоѓа во внатрешноста на Колонадата на топлите извори, која првично била изградена во 1975 година, но подоцна била претворена во модерна зграда од стакло-бетон…Православната црква „Свети Петар и Павле“ е величествена градба изградена во византиски црковен стил. Надворешноста е импресивна поради нејзините пет позлатени куполи.
Внатрешноста е богато украсена со декоративни фигури и ѕидни слики. Она што го привлекува вниманието на сите е дрвениот иконостас со слики во масло на светци, кој е изработен за Светската изложба во Париз во 1900 година…

Слободно време за ручек…во договорено време со водичот се упатуваме кон Прага.

Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН ( 12.10.2026 ) - ПОНЕДЕЛНИК

Појадок.

По појадокот, прошетка до Прага.
Може да пробате сладок специјалитет trdelnik – вкусно печиво полнето со крем или сладолед или да се напиете од добро познатото чешко пиво за на крај да ја засладите оваа прошетка,се до превземање на трансферот од хотел до Аеродром.

Полетување кон Скопје во 15:45h.

Сместување

Сместување во хотел со 3*

3 ноќевања во хотел со 3* на база на вклучен појадок.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 50% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 20 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
  • Доплата за еднокреветна соба 120е дополнително од цената на аранжманот.
  • Доплата за дете до 11.99 години – (намалување 50 евра од промотивната цена за возрасни)
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

ЛОКАЛНО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПРАГА И КАРЛОВИ ВАРИ ( ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ )

Цена за пакет: 50€

Прага – Срцето на Чешка

Прага е главен град на Чешка и една од најубавите европски метрополи, позната по својата богата историја, зачувана архитектура и неповторлив амбиент. Градот плени со своите калдрмисани улици, живописни плоштади и бројни историски знаменитости.

За време на престојот ќе имате можност да ги почувствувате убавините на Стариот град, да го видите познатиот Астрономски часовник, да прошетате по Карловиот мост, како и да уживате во панорамскиот поглед од Прашкиот замок – еден од најголемите и најзначајните замочни комплекси во светот. Богатата гастрономска понуда, традиционалните чешки специјалитети и бројните кафулиња и ресторани дополнително го збогатуваат престојот во градот.

Карлови Вари – Светски познатата бањска оаза

На само неколку часа од Прага се наоѓа Карлови Вари – најпознатиот бањски град во Чешка и една од најпрестижните спа-дестинации во Европа. Основан во 14 век, градот е познат по своите термални минерални извори, елегантни колонади и раскошна архитектура.

Карлови Вари располага со повеќе минерални извори со различни температури, кои со векови се користат за релаксација и велнес. Освен по лековитите води, градот е препознатлив и по Меѓународниот филмски фестивал, традиционалните бањски наполитанки (Karlovarské oplatky) и познатиот билен ликер Becherovka.

Комбинацијата од природна убавина, мирна атмосфера и богато културно наследство го прави Карлови Вари идеално место за одмор, прошетки и уживање.

Доживејте две од највпечатливите чешки дестинации – романтичната Прага и елегантниот Карлови Вари. Историја, култура, прекрасна архитектура и незаборавни моменти ве очекуваат на секој чекор!

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

359

EUR

сега од

339

EUR