Интересни турски свадбени обичаи

Традицијата на еден народ е олицетворение на сето богатство што може да ја презентира една земја. Во секоја земја постојат различни и интересни традиции и обичаи кои се изведуваат при различни празници и збиднувања. Ние за Вас издвоивме неколку интересни обичаи кои се изведуваат за време на свадба во различни региони на Турција. Се надеваме дека ќе ви се допаднат, а може некои од вас веќе знаат дел од овие обичаи.

Во Турција свадбените обичаи се различни од место во место и се поделени според региони и тоа Егејски регион, Црноморски регион, Медитерански регион  Југоисточна Анадолија, и Румелија. Но сите овие региони имаат една иста заедничка точка тоа е кна геџеси (моминска забава).

Кна геџеси е еден вид на моминска забава кај муслиманите која се изведува поинаку. Eдна од најстарите традиции е кна геџеси и имаат многу уникатни адети кои се изведуваат за време на оваа ноќ. Кна геџеси се прави еден ден пред венчавката во куќата на невестата и на неа присуствуваат само жени. На вратата од куќата на невестата се закачуваат знамиња кои се симбол дека таму има женска ноќ. Од страната на младоженецот се испраќа кна и колчиња во куќата на невестата. Кога ќе дојдат сите гости се послужуват колачиња алва и пиење. Подоцна, невестата, облечена во традиционална облека доаѓа во собата и седнува на средина нејзината глава е покриена со црн или црвен вел, таа е придружувана од слободни девојки кои носат свеќи. Додека слободните девојки и гостите пеат песни наменети за оваа ноќ и играат околу невестата, таа гледа во тишина и плака. Причината за целата оваа тага кај невестата е поради заминувањето од  куќата на родителите. Кната ја подготвува среќно омажена девојка, откако ќе ја подготви кната ја ставаат на плех украсен со свеќи. Потоа девојките продолжуваат да играт околу невестата а една од нејзините блиски и става кна на раката на невестата, ја завиткуваат раката и се ставаат ракавици. Невестата не ја отвора раката одреден период, кога тој што и ја стави кната на раката не каже ,, Невестата не ја отвори раката” тогаш невестата ги вади ракавиците ја отвора раката и свекрвата и става златник.

Свадбени обичаи во Црноморскиот регион
Во овој регион свадбените традиции се многу поразлични за разлика од останатите провинции. Најпознатиот свадбен обичај е во Токат, таму обичај е да се искапи младоженецот во поток! Според оваа традиција, младоженецот го земаат од својата куќа неговите пријатели и во петок го носат на река и го фрлаат облечен во вода, придружувани се со тапан и кавал. Подоцна, младоженецот го вадат од вода, го мијат со зовриена вода и го облекуваат во костимот со тоа го подготвуваат за венчавката.

Свадбени обичаи во Егејскиот регион
Според обичаите за венчавки во Афион, кога машката страна оди да ја бара девојката ним им се послужува само вода, доколку семејството на невестата го одобри овој брак ги канат на чај првиот петок по барањето на невестата и на овој ден свекрвата уште еднаш ја бара раката на невестата.
Во Ајдин пак свадбени традиции се малку по различни од оние во Афион  Затоа што постои одредена традиција „да не се дава девојче на маж кој нема дом“. Покрај тоа, кога невестата ќе дојде во новата куќа вечерта по свадбата, младоженецот ја поздравува невестата попрскувајќи производи што ја симболизираат плодноста, како што се пари, пченица, шеќер и ориз.

Свадбени обичаи во Медитеранскиот регион
Во Адана кога младоженецот оди на кна геџеси, го запираат и тој треба да пука во јајца закачени на висока гранка на дрвото. Ако не ги погоди од страната на невестата му даваат казна. Друг обичај е пред да се однесе миразот во куќата на младоженецот од страната на младоженецот некој зема парница од миразот и ја крие. Младите од страната на невестата ја бараат и оној што прв ја најде перницата и ќе му ја донесе на младоженецот ќе добие бакшиш.

Свадбени обичаи во југоисточна Румелија
Во Дијарбакир обичај е кога невестата ќе дојде во куќата на младоженецот да скрши бокал полн со вода пред вратата од куќата. Така, се сметка дека нивниот брак ќе тече без проблеми цел живот. Покрај тоа, при влегување на невестата под нозете се става волна од овца по која гази за да биде послушна како овца.

Свадбени обичаи во централна Анадолија
Според свадбените традиции во Коња, се води сметка невестата да биде пренесена низ гробиштата додека ја носат во куќата на младоженецот. Причината за ова е да и се даде пораката на невестата: „Ја виде венчавката, не заборавај на смртта“.
Во Сивас пак лицето кое доаѓа да ја извести фамилијата дека ќе ја земат невестата, не смее да дозволи да го фатат од страната на невестата. Ако го фатат, рацете му се врзани, а изметот му е обесен околу вратот, а магарето се става наопаку и се шета низ селото.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR