Будимпешта во Мај (19.05.2024-22.05.2024)

цена од

319

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
19.05.2024
22.05.2024
Авион
Хотел

Будимпешта-град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.

Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.

Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес.

Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство

Што е вклучено во цената

  • Директен лет на релација Скопје – Будимпешта – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Мала кабинска торба до 8 килограми со димензии 40x 30 x 25 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел – 3 ноќевања со појадок;
  • Панорамски и пешачки разглед со локален водич;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Што не е вклучено во цената

  • Вечера во ресторан – чардаш, со трансфер – 50 €;
  • Крстарење со брод по Дунав – 20 €;
  • Факултативна посета на Сент Андреа (организиран трансфер) – 30 €;
  • Туристичка такса 9€ по лице, за цел престој (се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеите и културно – историските споменици;
  • Задолжително патничко – здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба 90 евра .

План и програма

1 ден 19.05.2024 - недела | Скопје - Будимпешта

Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 04:20 часот. Полетување за Будимпешта во 06:20 часот. Слетување во Будимпешта во 07:45 часот.Следува организиран трансфер и разглед на градот (со локален водич).По завршување на разгледот, следува сместување во хотел.Одмор а во договорено време се упатувате со пратителот на групата кон центарот на градот .Ноќевање.

2 ден (20.05.2024 - понеделник) | Сент Андреа – Чардаш

Појадок. По појадокот се упатуваме на полудневна прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата…Слободно време  за индивидуални прошетки и  кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта. Навечер можност за факултативна посета на традиционален ресторан – ЧАРДАШ.Богато мени, цигански фолклорни игри, каде се вклучуваат и самите гости.Многу забава, што вреди да се доживее а ќе Ви го доближи унгарскиот живот. Ноќевање.

3 ден (21.05.2024 - вторник) | крстарење

Појадок. По појадокот слободно време кое што може да го искористите за посета на највпечатливите места или посета на некој трговски центар. Во доцните попладневни часови следува една прекрасна прошетка со брод . Сосема поразлично доживување на овој прекрасен град…Ноќевање.

4 ден (22.05.2024 - среда) | Будимпешта – Скопје

Ран појадок или ланч пакет. Напуштање на собите и во договорено време следи трансфер кон аеродромот.Полетување за Скопје во 08.40 часот. Слетување во Скопје во 10.05 часот. 

Сместување

Хотел 3 *

Хотел со појадок

Цени

Важно

НАПОМЕНА:

  • Пријавување на факултативи во агенција
  • Минимум пријавени патници за реализација – 14
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

(20.05.2024 - понеделник) Вечера во ресторан – Чардаш, со трансфер - 50 €;

Цена за пакет: 50 €

(20.05.2024 - понеделник) разглед на Сент Андра (организиран трансфер )-30 €

Цена за пакет: 30 €;

(21.05.2024 - вторник) | Kрстарење по Дунав

Цена за пакет: 20€;

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR