Menu

Атина за „Денот на вљубените”

цена од

139

EUR

сега од

109

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина. По повод  „Денот на вљубените ве носиме во Атина”

План и програма

ПРВ ДЕН (11.02.2022)- ПЕТОК

Состанок на групата на Дрво Декор во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН (12.02.2022)- САБОТА

Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта факултативна прошетка до некој од плоштадите во Атина. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (13.02.2022)- НЕДЕЛА

Појадок. Факултативна посета на  Пелопонез со водич.

Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал.

Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика.

Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон…

По посетата се враќаме во хотел.  Вечерта факултативна вечера во таверна. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН (14.02.2022)- ПОНЕДЕЛНИК

После појадокот се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон.

По завршување на екскурзијата се упатуваме кон Македонија.

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 15.02.2022- Вторник

Сместување

Хотелско сместување со 3*

Хотелот се одредува кога е затворена продажбата за турата.

ETA Cashback

Сте слушнале за ЕТА CASHBACK картичката?

Со секоја ваша уплата на аранжман, добивате CASHBACK поени изразени во денари. Патникот добива повраток на средства од 400 до 4.100 денари CASHBACK во зависност од уплатата.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Цени

Од

11.02.2022

До

14.02.2022

Промо цената важи во 31.01.2022

Цена

139 EUR

Промо Цена

109 EUR

Што е вклучено во цената

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел со 3* во областа Глифада, Атина на база 2 ноќевања со појадок
  • Панорамски разглед со водич
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

Што не е вклучено во цената

  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативна посета на Пелопонез (35 €)-не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус (6€) и Микена (6€)
  • Посета на Пирејa и Сунион (30€)
  • Влезница за во Акропол со водич и слушалки (25 €)
  • Факултативна вечера во таверна (30 €)
  • Факултативна вечерна прошетка до центарот на Атина (5€)
  • Туристичка такса (190мкд)-се плаќа во агенција
  • Индивидуални трошоци

 

Важно

  • Т.А EСКЕЈП ТРАВЕЛ издава ваучер за одложување на патување во случај:
  • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)
  • Затварање на граници
  • Виша сила

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • За Грција може да се патува со сертификат за вакцинација; и задолжително негативен антиген (не постар од 24 часа) или ПЦР тест  (не постар од 72 часа)
  • За влез во Македонија назад за лица над 18 години потребно е сертификат за вакцинација; негативен антиген (не постар од 48 часа); ПЦР тест (не постар од 72 часа); доказ за прележан ковид не постар од 45 дена.

Факултативни излети

Пелепонез (Епидариус и Микена)

35€-не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус и Микена

Некогаш најголемиот грчки полуостров одвоен со Коринтскиот канал, посета на Епидариус и Микена. Го посетуваме најимпресивниот антички театар во Грција кој се наоѓа во Источниот дел на Пелепонез, Епидариус. Грците од секогаш го сакале спортот и ова место било арена за борење. Предност на местото е неговата акустика. Секој гледач може совршено да ја слушне претставата, без разлика каде седи. Се вели дека ако падне камче во центарот на сцената, тоа може да се слушне од секое седиште на театарот.
Микена е антички импресивен археолошки локалитет во регионот на Арголис, 120 километри југоисточно од Атина. Според грчката митологија, Персеј — син на грчкиот бог Зевс и Данаја, која била ќерка на Акрикио, кралот на Аргос — ја основал Микена. Се верува дека за време на Римската империја, Микена била туристичка атракција. Главната порта позната како Lion Gate е главниот симбол на Микена изградена 1250 год п.н.е.  Гробот на Агамемнон е во Микена, кралот на градот.

Пиреја и Сунион

25€

Во античко време градот Пиреја бил поморското пристаниште на Атина, денеска е туристичка атракција поточно пристанишно место. Сунион познат по храмот на Посејдон, еден од главните споменици од златното доба на Атина. Неговите остатоци се сместени на гребенот, опкружен од три страни со морето.

Aкропол

10€

Најголемото и најдоброто светилиште на античка Атина, посветено првенствено на нејзиниот покровител, божицата Атина, доминира во центарот на модерниот град од карпестата карпа позната како Акропол.

Локација

Општи услови

Слични патувања