Белград за Нова Година

цена од

145

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.

Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на Дунавските и Савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава

Што е вклучено во цената

  • Две ноќевања во хотел (со доручек) во двокреветни или повеќекреветни соби во Белград.
  • Автобуски превоз
  • Туристички придружник

Што не е вклучено во цената

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување (се вади во сопствена режија)
  • Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.

План и програма

ПРВ ДЕН (31.12.2022)

Состанок на групата во 03:00 на паркингот Борис Трајковски (пред Карпош Базен). Тргнување за Белград во 03:30. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Сместување во хостел или хотел. Факултативна днева забава во некој од белградските локали. Враќање во хотел или хостел. Подготовки за најлудата ноќ. Факултативен дочек на Новата година во Белградските клубови. Ноќевање.

ВТОР ДЕН (01.01.2023)

Можност за факултативен разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, Плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт). Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови факултативно посета во некоја од белградските клуб-кафани, кои имаат посебен дух и поинакво запознавање на градот и на белградската забавата. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (02.01.2023)

Напуштање на хотелот или хостелот. Враќање за Скопје во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Сместување

Хотел 4* се одредува на 5 дена пред поаѓање кога ќе се затвори продажбата на аранжманот

Цени

Од

31.12.2022

До

02.01.2023

Цена од лице со појадок за 1/3 соба

Цена

145 EUR

Од

31.12.2022

До

02.01.2023

Цена од лице со појадок за 1/2 соба

Цена

159 EUR

Важно

  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За резервација е доволно уплата од 30% на аранжманот. Остатокот се доплаќа на 7 дена пред поаѓање
  • Ова патување може да се реализира со пасош или лична карта
  • Организирана тура со колеги Balkan Fun
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Дочек на Нова година во Белград

Цена за пакет: 60e

Дочекот на Новата година е она за што сме сите тргнати на ова патување. Да го посетиш овој град, а да не поминеш барем една вечер во некоја од дискотеките или сплавовите, не смее да се случи. Оваа година ви го нудиме најдобриот дочек на Новата 2023 година. За Вас оваа година го направивме најдобриот избор и тоа во клуб Готик во Белград заедно со Шако Полумента. Во оваа факултатива е вклучено неограничено пиење за новогодишната ноќ (одредени пијалоци).

Втора вечер забава Белград и денска забава

Цена за пакет: Цена 30е

  1. Дневна журка во Транзит Бар. (31.12) Во цената ви е вклучена само влезница, пијачките ги плаќате на лице место.

Реприза на Нова Година (01.01) во Готик заедно со Марина Вискович.

Разглед на Белград

Цена за пакет: 20е

  1. Во придружба со локален водич, ќе направиме разглед на Белград и на автентичен начин ќе пробаме да Ви го доловиме духот на овој магичен град, особено во предновогодишнат еуфорија. За време на разгледот ќе ги посетиме следниве значајни локалитети на овој магичен град. Народното Собрание, стариот и новиот дворец на семејствотот Караџорџеви, плоштадот Никола Пасич, плоштадчето пред најпознатиот хотел во Белград „Хотелот Москва“, Народниот Театар и Народниот музеј, ќе прошетаме по најпозната шетачка улица во Белград „Кнез Михајлова“ каде што ќе сретнеме многу различни улични уметници кои се трудат секогаш да ги развеселат случајните минувачи, од таму продолжуваме кон тврдината Калимегдан каде што можете да направите преубави фотографии или пак да уживате во преубавиот поглед на Белград. Потоа се упатуваме кон Сава Нова, едно ново лице на градот, каде што ќе разгледаме дел од “Street Art” културата на Белград. Секое уметничко дело нацртано на некој уличен зид има своја приказна, а приказните оставаме таму да ги дознаете.

Вип Пакет

Цена за пакет: 75е

*новогодишна вечер 31.12

*денска журка на 31.12

*реприза на Нова Година (01.01)

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR