Сараево и Мостар за денот на жената (03-06.03)

цена од

89

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
03.03.2022
06.03.2022
Автобус
Хотел

Секоја жена сака да патува, посебно кога има патување по повод денот на жената или 8-ми Март. Екскурзија која ќе ви остане во сеќавање, прошетка низ убавините на Босна и Херцеговина. Нашите ноќевања се во „Ерусалимот на Балканот” поточно Сараево. Го посетуваме Мостар а новитет во програмата ни е местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата, ВРЕЛО БУНA. Последниот ден е резервиран за посета на Босанските пирамиди и градот на Емил Костурица, Дрвенград! Во продолжение програмата за Босна..

План и програма

ПРВ ДЕН (03.03.2022) ЧЕТВРТОК

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:00ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

ВТОР ДЕН (04.03.2022) ПЕТОК

Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.Во Вишеград ќе имате можност да го посетите Aндричград исто така познат како и камен град кој инвеститор за тоа е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално бил отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка. Во договореното време групата продолжува во Сараево на разглед со локален водич.По разгледот, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел околу 19:00ч.
Ноќевање.

TРЕТ ДЕН (05.03.2022) САБОТА

Третиот ден започнува со појадок и во 08:30ч започнуваме со целодневна екскурзија 😊 Првото место за посета е Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Екскурзијата продолжува кон Мостар. Со групата се упатуваме кон стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со  бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Овде групата има слободно време околу 2 ипол часа за прошетка или ручек а потоа се упатува кон местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12км од Мостар, ВРЕЛО БУНА, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метра a Буна е лева притока на реката Неретва. Местото е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Исто така ова место е омилено за сите кои фотографери 😊 Групата има слободно време за прошетка, фотографии и останати активности. Заминување кон Сараево, Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН (06.03.2022) НЕДЕЛА

По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Се верува дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел.Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Дрвенград. Сместено на ридот Межавник во паркот на природата Мокра Гора, точка на средба на две прекрасни српски планини Тара и Златибор, етно селото „Дрвенград“ е производ на фантазијата на филмскиот режисер Емир Кустурица и е изградено за сцени на неговиот филм “Животот е чудо “.Емил Костурица сакал да создаде град што ќе наликува на место каде што некогаш живееле луѓе, всушност никој не живеел. „Дрвенград“ има уметничка галерија, библиотека, кино наречено „Андерграунд“ по еден од најпознатите филмови на Кустурица, продавница за торти со домашни слатки, ресторан со традиционална српска кујна, продавница за сувенири итн. Постојат и улици именувани по кубанскиот револуционер Ернесто Че Гевара, аргентинскиот фудбалер Диего Армандо Марадона, српскиот актер Миодраг Петровиќ Шкаса и познатите филмски режисери Федерико Фелини и Ингмар Бергман. Една улица го носи името на Новак Џоковиќ, еден од најдобрите тенисери во светот. Слободно време за ручек и заминување кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Сместување

Сместување во хотел со 4*

Хотелот се одредува кога е затворена продажбата за турата.

Цени

Од

03.03.2022

До

06.03.2022

Цена

89 EUR

Што е вклучено во цената

-Превоз oд: Битола(Спортска сала), Прилеп(Лукоил бензинска), Росоман (пазарче), Велес(Макпетрол), Скопје(Дрводекор) и Куманово (Макпетрол бензинска)
-2 ноќевања со појадок во хотел со 4*
-Разглед на Сараево со локален водич
-Туристички придружник за време на патувањето
-Посета на Вишеград
-Посета на Дрвенград и Андричград

Што не е вклучено во цената

-Посета на Јабланица, Мостар и Врело Буне- 35 евра (се плаќа во автобус)
-Посета на Босанските пирамиди (Равно и Музеј)- 25 евра (се плаќа во автобус)
-Крстарење по Дрина- 5 евра од лице (Се плаќа во автобус)
-Туристичка такса- 2 евра од лице за две ноќевања (Се плаќа задолжително во автобус)
– Босански пакет (Посета на Јабланица, Мостар, Врело Буне и Босанските пирамиди) 55 евра од лице (Се плаќа во автобус)

Важно

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • Т.А EСКЕЈП ТРАВЕЛ издава ваучер за одложување на патување во случај:
  • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест),Затварање на граници и Виша силa
  • Патниците при уплата се изјаснуват за користење на екскурзиите
  • За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.

 

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Крстарење по Дрина

Цена за пакет: 5€

Посета на Мостар, Јабланица и Врело Буне

Цена за пакет: 35€

Босански пирамиди (Равно и Музеј)

Цена за пакет: 25€

Босански пакет (Мостар, Јабланица, Врело Буне и Босански пирамиди)

Цена за пакет: 55€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

149

EUR

сега од

115

EUR