Босна за 10-ти Декември (Сараево и Мостар)

цена од

99

EUR

сега од

79

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
09.12.2021
12.12.2021
Автобус
Хотел

Со добра организација и задоволни патници, ни тргна со понудите за Босна. Патниците можат да препознаат квалитетна услуга, барем тоа го заклучивме од досегашните реализирани тури. Екскурзија привлечна за секој авантурист. Нашата дестинација „Сараево“ достапна и за 10-ти Декември. Ги покануваме сите оние кои се со позитивни мисли за уште едно бегство од реалноста. Kаубојскиот град „Eл Пасо” во близина на Златибор и облакодерот Avaz Twist Tower новитети во нашата програма.

Што е вклучено во цената

– Превоз
– Сместување во хотел со 4* со доручек
– Посета на Вишеград
– Разглед на Сараево со локален водич
– Превоз од: Битола, Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово

Што не е вклучено во цената

– Посета на Јабланица и Мостар- 30 евра- се плаќа во автобус
– Посета на Тунел Спаса- 15 евра од лице- се плаќа во автобус
– Туристичка такса (2 евра од лице за две ноќевања) – се плаќа во автобус задолжително
– Крстарење во Вишеград- 5 евра од лице- се плаќа во автобус
– Босански Пакет (Тунел Спаса, Јабланица и Мостар)- 40 евра  (Изјаснување од страна на патникот при уплата за користење на пакетот)- 5 евра заштеда
– Avaz Twist Tower – 5 евра (Превоз и резервација во кафетеријата)- Изјаснување од страна на патникот при уплата поради резервација во облакодерот)
– Такса за Eл Пасо каубојскиот град- 3 евра од лице- се плаќа во автобус задолжително
– Доплата за сингл соба доколку патувате сами- 25 евра од лице на аранжманот

План и програма

ПРВ ДЕН (09.12.2021) ЧЕТВРОК

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:00ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

ВТОР ДЕН (10.12.2021) ПЕТОК

Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во договореното време групата продолжува во Сараево на разглед со локален водич.По разгледот, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел околу 19:00ч.
Ноќевање.

TРЕТ ДЕН (11.12.2021) САБОТА

Третиот ден започнува со појадок во хотелот, кој по појадокот се упатуваме на целодневен излет. Првото место за посета е Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Екскурзијата продолжува кон Мостар, каде се посетуват стариот мост и можете да ги направите најубавите фотографии, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Ве носиме во облакодерот Avaz Twist Tower, највисокиот објект во Босна висок 172 метра каде го имате Сараево на дланка, НОВО во нашата програма.Облакодерот нуди неверојатен панорамски поглед и се смета за место кое е најатрактивно за младите. Овој облакодер лесно се препознава, неговата виткава фасада е тоа што ги привлечква туристите да го посетат. Во 2009-та година германска компанија Schuco ја стави во топ 10-те најубави згради во Европа.
Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН (12.12.2021) НЕДЕЛА

По доручекот, во 09:00ч се упатуваме кон Тунел Спаса.  Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите. Враќње во хотел. Се зимат патниците кои нема да одат на екскурзија и се продолжува кон Каубојскиот град EЛ ПАСО во близина на Златибор, автентичен каубојски град, кој исто така вклучува и индијанска населба,НОВО во нашата програма. Секој што сака да ја искуси на момент атмосферата од каубојските филмови и автентичноста на индијанските населби, ова е местото што го препорачуваме. Овој парк е именуван по граничен град во САД. Исто како што Рио Гранде ја формира природната граница помеѓу САД и Мексико така и реката што тече низ овој парк ги дели тематските единици американски и српски. Тоа е место за средби на две култури: од едната страна на реката се наоѓа каубојски град и индиjaнско село, додека на другиот брег има српски дел со црква и типичен селце Златибор.Слободно време за прошетка и поаѓање кон граница. Пристигнување после полноќ на 13.12.2021

Сместување

Сместување во хотел со 4*

Хотелот се одредува кога е затворена продажбата за турата.

Цени

Од

09.12.2021

До

12.12.2021

Black Friday цена до сабота!

Цена

99 EUR

Промо Цена

79 EUR

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.

 

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Крстарење по Дрина

Цена за пакет: 5€

Посета на Тунел Спаса

Цена за пакет: 15€

Посета на Јабланица и Мостар

Цена за пакет: 30€

Босански пакет (Тунел Спаса, Јабланица и Мостар)

Цена за пакет: 40€

Avaz Twist Tower

Цена за пакет: 5€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR