Menu

Сараево и Мостар за 11-ти Октомври

цена од

115

EUR

сега од

99

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
07.10.2022
10.10.2022
Автобус
Хотел

Месец октомври е фантастичен за прошетка во Босна. Преубавите клисури,реката Дрина, реката Неретва… ќе ве остават без здив. Екскурзија која ќе ја паметите цел живот. Нашите ноќевања се во „Ерусалимот на Балканот” поточно Сараево. Го посетуваме Мостар а новитет во програмата ни е местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата, ВРЕЛО БУНA. Последниот ден е резервиран за посета на Босанските пирамиди. Во продолжение програмата за Босна..

План и програма

ПРВ ДЕН (07.10.2022) ПЕТОК

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:30ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

ВТОР ДЕН (08.10.2022) САБОТА

Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. Упатување кон хотелот
Во договореното време групата продолжува во Сараево на разглед со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па се продолжува до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градт. По разгледот групата има слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел околу 19:00ч. Слободни активности

TРЕТ ДЕН (09.10.2022) НЕДЕЛА

Третиот ден започнува со појадок и во 08:30ч започнуваме со целодневна екскурзија 😊 Првото место за посета е Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Ито така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год.. Екскурзијата продолжува кон местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 од Мостар, ВРЕЛО БУНA, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метра a Буна е лева притока на реката Неретва. Место е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Исто така ова место е омилено за сите фотографи 😊 Групата има слободно време за прошетка и останати активности. По посетата групата се упатува кон Мостар.
Се посетува стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии . Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со  бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Слободно време околу 3 часа. Заминување кон Сараево. Посета на некој паб во австро-унгарскиот дел доколку има интерес од страна на групата. Ноќевање

ПОСЛЕДЕН ДЕН (10.10.2022) ПОНЕДЕЛНИК

По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Вишеград. Прекрасен град каде туристите имаат можност да одат на крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ и денес е под заштита на UNESCO, опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград исто така ќе имате можност да го посетите Aндричград познат како и камен град кој инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка и ручек. Заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија околу 00:00-02:00ч

 

Сместување

Хотелско сместување со 3*

Хотелот се одредува на 2 дена пред реализација на тура кога ќе биде затворена продажбата.

ETA Cashback

Сте слушнале за ЕТА CASHBACK картичката?

Со секоја ваша уплата на аранжман, добивате CASHBACK поени изразени во денари. Патникот добива повраток на средства од 400 до 4.100 денари CASHBACK во зависност од уплатата.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Цени

Од

07.10.2022

До

10.10.2022

Промо цена до 15.09.2022

Цена

115 EUR

Промо Цена

99 EUR

Што е вклучено во цената

-Превоз oд: Битола(Спортска сала), Прилеп(Лукоил бензинска), Росоман (пазарче), Велес(Макпетрол), Скопје(Дрводекор) и Куманово (Макпетрол бензинска)
-2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
-Разглед на Сараево со локален водич
-Туристички придружник за време на патувањето
-Посета на Вишеград и Андричград

Што не е вклучено во цената

-Посета на Јабланица, Мостар и Врело Буна (Благај)- 45 евра (се плаќа во автобус)

-Посета на Босанските пирамиди (Тунел равно лековити простории)- 25 евра (се плаќа во автобус)

-Крстарење по Дрина- 5 евра од лице (Се плаќа во автобус)

-Туристичка такса- 2 евра од лице за две ноќевања (Се плаќа задолжително во автобус)

– Босански пакет (Посета на Јабланица, Мостар, Врело Бунa (Благај) и Босанските пирамиди) 60 евра од лице

 

-Патничко осигурување

Важно

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • Во случај да нема доволен број на патници од наведените градови за превоз, се организира трансфер.
    За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Сараево и назад. Не и за време на екскурзиите

Факултативни излети

Крстарење по Дрина

5€

Посета на Јабланица, Мостар и Врело Буне (Благај)

45€

Босански пирамиди (Равно тунел лековити простории)

25€

Босански пакет (Јабланица,Мостар, Врело Буне и Босански пирамиди)

60€

Локација

Општи услови

Слични патувања

цена од

139

EUR

сега од

119

EUR