Будва за 2ри Август!

цена од

99

EUR

сега од

89

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
29.07.2021
02.08.2021
Автобус
апартмани

Прекрасните градови: Будва, Котор, Тиват, крстарењето по Бока Которска со глисери и задоволството од нашите патници е причината за ова тура да ја организираме повторно, овој пат за 18-ти јуни.
Некогаш мал и тивок крајбрежен град, денес метропола на црногорскиот туризам и еден од најгласните и преполни градови на црногорското приморје. За 18-ти јуни Ве носиме повторно во Будва.

Што е вклучено во цената

  • Сместување во Будва, 3 ноќевања во апартмани
  • Превоз на дадената релација
  • Посета на Бар
  • Вклучена туристичка такса за време на целиот престој
  • Tуристички придружник за време на целото патување

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Превоз со комбиња до и од манастирот – 2 еу се плаќаат на лице место доколку се качувате со комбе

План и програма

ПРВ ДЕН-29.07.2021 (четврток)

Состанок на група во 22:30, поаѓање во 23:00 од Битола спортска сала. Ноќно патување преку Албанија со попатни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН -30.07.2021 (Петок)

Пристигнување во Црна гора во утринските часови, попатно застанување на видиковец кај  Св.Стефан. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути. Поаѓање према Будва. Сместување во апартмани. Во договор со водич се посетува стариот град во Будва. Слободно време за капење и сончање на плажа, како и за индивидуални прошетки и активности. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН-31.07.2021 (Сабота)

 Слободен ден за плажа. Факултативно организирана посета на плажата ПЛОЧЕ – позната по дневните журки. Поаѓањето е со бродчиња од Будва во договорено време. Враќање во Будва во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН-01.08.2021 (Недела)

Патниците кои ќе доаѓаат на факултатива во 09:15 часот состанок на група пред вила, 09:30 часот поаѓање кон Котор и плажата Јаз. Забавата започнува кога одиме на крстарење, она што е интересно е дека крстарењето не е со брод туку со глисери. Првата посета е островот именуван по црквата која датира од 15 век, Богородица на Скрпела. Според морнарите се верува дека ја пронашле иконата на св.Богородица. Патниците ќе имаат време околу 20-30 минути да направат фотографии на островот. Авантурата продолжува кога ќе стигнете во градот Пераст, град кој е под заштита на UNESCO благодарејќи на неговата барокна архитектура. Крстарењето завршува со забава на глисерот. По пристигнувањето во Котор, групата ќе има слободно време за кафе или ручек во градот. Oна што треба да го посетите е стариот град. Старите градби, тесните улички и богатата историја е тоа што ќе направи да се заљубите во Котор. Во договореното време групата се упатува кон прекрасната пространа плажа ЈАЗ, слободно време за капење, сончање. Во договорено време групата се враќа во Будва. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН-02.08.2021 (Понеделник)

Одјавување од вилите во 09 часот и заминување кон Бар. Во Бар она што треба да се посети е  храмот посветен на Јован Владимир која е втора по големина православна црква во Црна Гора, палатата на крал Никола, која потекнува од XIX век и прошетка по кејот и центарот во градот. Слободно време во Бар до 14:00 часот за ручек, плажа, капење и други индивидуални активности. Пристигнувањето во Македонија во вечерните часови.

Сместување

Приватни Апартмани

Цени

Од

29.07.2021

До

02.08.2021

Промо цена до 25.07.2021

Цена

99 EUR

Промо Цена

89 EUR

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажена
  • За ова патување не е потребен PCR тест.
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Доплата за избор на седиште 15е по лице.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

КОТОР + КРСТАРЕЊЕ СО ГЛИСЕРИ + ПЕРАСТ + ПОСЕТА НА ГОСПА ОД ШКРПЕЉА + ЈАЗ + ПЛОЧЕ

Цена за пакет: 35е

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

149

EUR

сега од

139

EUR