Christmas Market: Рим, Италија

цена од

400

EUR

сега од

379

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Божиќ го трансформира Рим во топол, блескав град исполнет со традиција. Улиците треперат со празнични светла, а мирисот на печените костени го исполнува воздухот.Божиќниот Пазар се одржува во срцето на градот во Пјаца Навона, сместен меѓу античка архитектура, прекрасни скулптури и раздвижени ресторани. Додека други божиќни настани се случуваат низ различни локации во градот.

Што е вклучено во цената

Директен лет на релација Скопје – Рим – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
Аеродромски такси;
Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
Сместување во двокреветни соби во хотел со 3*  – 3 ноќевања со појадок;
Организиран панорамски разглед;
Пратител на групата за време на целото патување
Организација на аранжманот ;

Што не е вклучено во цената

Доплата за 20 kg багаж (куфер);
Туристичка такса – 4 € или 6 € по лице на ден (зависно од категоризацијата на хотелот);
Билети за јавен превоз со метро;
Патничко осигурување;

План и програма

(02.12.2023 - сабота ) | Скопје - Рим

Пристигнување на скопскиот аеродром во 10:45 часот. Полетување за Рим во 12:45 часот. Слетување во Рим во 14:30 часот. Трансфер до хотелот со попатен двочасовен панорамски разглед на градот …Порта Маџоре, Св. Петар и Павле, кејот на реката Тибар, Св.Петар,плоштадот Дел Пополо …Сместување во хотел. Во вечерните часови прошетка со пратителот на групата во центарот на градот, плоштадот Навона, каде ќе ја почувствувате прдновогодишната атмосфера од прекрасниот Божиќен Пазар.Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

(03.12.2023 - недела) | Рим - Ватикан

Појадок во хотел.По појадокот предлог факултативна посета на Ватикан (превоз со метро), – Ватиканските музеи и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 – ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 – тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд.Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини – најзначајниот уметник на италијанскиот барок. Слободно време па следува организиран разглед на градот со локален водич (пеш и метро), разглед на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо.Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

(04.12.2023 - понеделник) | Рим – Колосеум, Сан Клементе и Римските Форуми

Појадок во хотел. Наш предлог за денес е посета на една од најголемите знаменитости и атракции во Рим – Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја.Овде е и црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил (влез со доплата).Потоа се упатуваме кон Римскиот форум, Константиновата Арка, Циркус Максимус , Плоштад Венеција … По завршување на факултативниот разглед на античкиот Рим имате слободно време за индивидуални прошетки.Враќање во хотел. Ноќевање.

(05.12.2023 - вторник) | Рим – Скопје

Појадок во хотел и одјавување од собите. Следува трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15:05ч. , слетување во 16:50ч.

Сместување

Сместување во хотел со 3*

Сместувањето е во хотел со 3* со појадок

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Разглед на Рим со локален водич

Цена за пакет: 20€

Факултативна посета на Ватикан и Систинската капела (влезница + локален водич)

Цена за пакет: 60€

Факултативна посета на Колосеум и Римските форуми со локален водич

Цена за пакет: 60€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR