Истанбул за 8-ми Декември 2 ноќи

цена од

109

EUR

сега од

99

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
08.12.2022
11.12.2022
Автобус
Хотел

Патувајте во Истанбул и во декември. Истанбул е дестинација која е надалеку од Македонија,а која вреди да се доживее. Истанбул е град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, храна и многу приказни. Дали сте знаеле дека ние како агенција веќе седум години ги испишуваме најубавите приказни покрај Босфорот? Дали знаете дека имаме постигнато два рекорди како македонска агенција? Од кои рекордниот број на Македонци на приватен брод на прослава за Нова година на Босфор.

Што Ви говори тоа?

Ова кажува дека, доколку се одлучите да патувате со нас, Вие ќе бидете во сигурни раце.

Тим кој постојано расте и шири.

Тоа сме ние, Ескејп Травел и Истанбул.

Приказна која постојано се испишува.

Во продолжение погледнете видео од крстарење по Босфор со еден клик ОВДЕ.

Во продолжение погледнете видео од познатата Истиклал улица на Таксим Плоштад со еден клик ОВДЕ.

Што е вклучено во цената

Две ноќевања во хотел со 3* со појадок

Автобуски превоз, Лиценциран придружник

Лиценциран туристички водич

Посета на Капали Чаршија

Туристичка такса

Посета на турската продавница „КОСКА”

Шопинг во „Аутлет 212“ Центарот

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Факултативни излети

Индивидуални трошкови

План и програма

ПРВ ДЕН (08.12) четврток

Турата стартува од паркингот на ВИП Хотел околу 16:00 часот од Скопје. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датумот на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќа во агенција.

ВТОР ДЕН (09.12) петок

Пристигнување на групта во Истанбул

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп Травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.

Check in во хотелот е после 14:00 часот.

По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата.

Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори. Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партеније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

ТРЕТ ДЕН (10.12) сабота

По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:

Крстарење по Босфор

90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Берлејбеј
Оваа историска знаменитост  е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската Област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.

Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.   

Таксим Плоштадот

Турата завршува со посета на Плоштадот „Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

ЧЕТВРТИ ДЕН (11.12) недела

По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи „KOСКА“. Тука можете да си земете нешто и за дома локуми, баклави, чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од „Коска“ се упатуваме на шопинг во „Аутлет 212“ во Истанбул.

Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.

Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.

Кој не би сакал шопинг?

Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.

По шопингот, поаѓање кон Македонија.

Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

Сместување

Хотелско сместуање со 3*

Сместувањето е во хотел на база на 3* со вклучен појадок. Хотелите се наоѓаат во населбата Аксарај или Лалели, која важи за една од најстарите населби кои постоеле уште во Константинопол.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

Задолжителна проверка на пасошот.

Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција.

МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ

Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари

За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет

Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Пакет 1 (Посета на Балат и Галата Порт)

Цена за пакет: 20e

Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори. Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партеније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

Пакет 2 (Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Ускудар и Таксим Плоштадот)

Цена за пакет: 65e

Крстарење по Босфор

90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Бејлербеи

Оваа историска знаменитост  е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.

Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.   

Таксим Плоштадот

Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави!Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

ВИП Пакет

Цена за пакет: 80e

Ги вклучува сите факултативи

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

149

EUR

сега од

139

EUR