Кралска Унгарија за 1-ви Мај

цена од

140

EUR

сега од

120

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
28.04.2023
02.05.2023
Автобус
Хотел

Денешната територија на Унгарија во стариот век била провинција Панонија, дел од Римското Царство. Во 4 век на таа територија се населиле Хуните под водство на Атила. Подоцна таа територија ја населиле и германски племиња. По Германците дошле и Аварите и Словените, што подоцна резултирало со доаѓање на Угрите, односно денешните Унгарци.

Будимпешта-град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.

Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.

Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес.

Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.

План и програма

ПРВ ДЕН (28.04.2023)Петок

Состанок на групата во 18:00 часот и заминување за Будимпешта во 18:30 часот. Патот води преку Р.Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

ВТОР ДЕН (29.04.2023) Сабота

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водичПлоштадот на Хероите, Парламентот, улиците Андраши и Ракочи, катедралата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина. Сместување во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (30.04.2023) Недела

Појадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на обалата на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот со локален водич и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови. Можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта пропратено со прекрасните звуци на виенски валцер,чаша шампањ и објаснување на локален водич. Факултативна посета на Чарда – национален ресторан со богата уметничка програма и мени од унгарската национална кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН (01.05.2023) Понеделник

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и посета на шопинг центарот Арена Плаза. Слободно време за шопинг. Околу пладне заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ПЕТТИ ДЕН(02.05.2023)Вторник

Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

Сместување

Хотел Zuglo 3*

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Што е вклучено во цената

  • Превоз со модерни туристички автобуси .
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Zuglo 3*во Будимпешта  ( http://www.zuglohotel.hu/index.php?lang=hu )
  • Организација и реализација на аранжманот.

Што не е вклучено во цената

  • Разглед на Будимпешта со локален водич -10 евра
  • Посета на национален парк Чарда – 35 евра
  • Крстарење по Дунав со шампањ и локален водич- 20 евра
  • Целодневен излет до Естергом, Вишеград и Ст.Андреја со локален водич- 30 евра
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Влезници за културно – историските споменици и локалитети
  • Пакет цена за уплата на (разглед на Будимпешта,Крстарење по Дунав и целодневен излет Естергом,Вишеград и Ст. Андреја) – 55 евра.

Важно

  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
  • За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.
  • -Трансфер од Битола, Прилеп и Гевгелија – 10 еур по лице-Трансфер од Штип, Неготино, Кавадарци, Велес – 5 еур по лице
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Будимпешта

Цена за пакет: 10е

Чарда

Цена за пакет: 35е

Посета на национален парк Чарда

Крстарење по Дунав

Цена за пакет: 20е

Крстарење збогатено со шампањ и локален водич

Естергом,Вишеград и Сен Андреа

Цена за пакет: 30е

Целодневен излет во Естергом,Вишеград и Сент Андреа со локален водич

Пакет

Цена за пакет: 55е

  • Пакетот вклучува разглед на:
  • Будимпешта,Крстарење по Дунав и целодневен излет Естергом,Вишеград и Ст. Андреја

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

139

EUR