Кумбургаз и хотел Marin Princess за 8-ми Септември

цена од

159

EUR

сега од

145

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
07.09.2021
12.09.2021
Автобус
Хотел

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујугчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!

ПО ПОТРЕБА ОРГАНИЗАТОРОТ МОЖЕ ДА ЈА ПРОМЕНИ ПРОГРАМАТА И ВРЕМЕТО НА ВРАЌАЊЕ!!!

Што е вклучено во цената

Четири ноќевања во хотел Маrin Princess 5* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
Автобуски превоз
Бесплатни лежалки
Користење на 2 базени со солена вода
Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола и Струга
Користење Wi-Fi во лоби на хотел
Вклучен PCR тест за враќање (За невакцинираните патници)

Што не е вклучено во цената

Туристичка такса од 0.5€ на ден (се плаќа во автобус)
Патничко осигурување (1 евро од ден)
Факултативни излети.
PCR тест (За одење)

План и програма

07.09.2021- Поаѓање

ПРВ ДЕН – Собирање на групата на паркингот на Вип Хотел во понеделник во 19 00 часот.  Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните  денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел MARIN PRINCES кој има своја приватна плажа.

Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.

Check in: 14:00 часот
Check out: 10:00 часот

СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.

Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз .

Ноќевање.

08.09.2021- Прв ден

Уживање во Кумбургаз.

Секој ден започнува со појадок во хотел.

09.09.2021- Втор ден

Уживање во Кумбургаз.

Секој ден започнува со појадок во хотел.

10.09.2021- Трет ден

Уживање во Кумбургаз.

Секој ден започнува со појадок во хотел.

11.09.2021- Четврт ден

Појадок во хотелот. Уникатен ден со дополнителни екскурзии во Истанбул. Нешто кое вреди!

Во текот на денот се спроведува програма која е во вид на факултатива и се плаќа како цел пакет. Целодневната факултатива вклучува:

ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ
Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини.  Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Ова е 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу.

УСКУДАР (Uskudar)
Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

Emaar Square Mall
Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат.Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

12.09.2021- Петти ден (Враќање

Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време, заминување кон Македонија во 17:00 часот. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до 16:30ч. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Сместување

Хотел Marin Prncess 5*

Хотелот Marin Princes e  паметен избор за патници во Истанбул, кој нуди опуштен и мирен престој.
Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има три базени, од кои два на отворено и еден затворен. Располага со турска бања, сауна, масажа, џакузи, и фитнес сала.

Собите во хотелот Kumburgaz Marin Princess имаат сателитска ТВ и работна маса. Некои соби имаат топла када и пространа седење.Хотелот служи голем појадок кој е вклучен  во цената. Гостите можат да се релаксираат веднаш до надворешниот базен, кој има тобогани.

Цени

Од

08.09.2021

До

12.09.2021

Поаѓње на 07.09

Цена

159 EUR

Промо Цена

145 EUR

Важно

  • Хотелот е на барање. За ова понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани.
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажена
  • За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплаќа 80еур дополнително поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 80еур од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
  • За влез во Турција потребно е пасошот да е минимум до 6 месеци пред истекување
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Пакет 2 (Екскурзиите од овој пакет не се купуваат одделно)

Цена за пакет: 50€

Крстарење по Босфор

Ова крстарење преставува час и половина уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин.

Моминска Кула
Женската кула е стационирана на мал остров кој се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.


Ускудар

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

Ноќен Истанбул (Emmar Square Mall, Watergarden)

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR