Луковска Бања за 11-ти Октомври

цена од

269

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Искористете го викендот за 11-ти Октомври за посета на Луковска Бања. Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Копаоник во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.

Редовна цена на аранжманот 269€/16.678ден
Цени по лице за најмалку 2 лица во соба
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

Што е вклучено во цената

Превоз со туристички автобус на наведената релација.
Сместување во 1/2 соби во Хотел Бела Јела 4* на база 3 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).
Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса)
Користење на внатрешно надворешен базен термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C
Користење на новиот Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи).
Користење на сала за забава и рекреација.
Туристичка такса.
Организација и реализација со туристички придружник.

Што не е вклучено во цената

Задолжително патничко осигурување;
Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).

План и програма

1.Ден 11.10.2023 (среда) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Слободно попладне за индивидуални активности, време за одмор, релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот.  Вечера. Ноќевање.

2.Ден 12.10.2023 (четврток) ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања во прекрасна природа по т.н. Патеки на Здравјето; Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река… Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 13.10.2023 (петок) ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Проштка и разглед до Црквата Св. Мина и етно Музејот под падините на Копаоник (доколку временските услови се поволни). Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.

4.Ден 14.10.2023 (сабота) ЛУКОВСКА БАЊА - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Сместување

Хотел Бела Јела

Хотел Бела Јела
Хотелот Бела Јела располага со 85 соби, 8 апартмани и 2 лукс апартмани.
Гостите имаат на располагање:
Удобно сместување
Медицински центар во кој секојдневно се вршат прегледи и терапии (и за викенди и за празници)
Отворено – затворени базени со термална вода
Велнес центар
Хотелски ресторан, Wellness Bar и Lobby Bar
Соба за забава
Детска игротека
Теретана

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

Попусти и опционални доплати:
– Дете 2-5год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
– Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 99€/ 6.138ден (на барање)
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума
– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860 (на барање)
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Доплата за дополнително седиште во автобус -35€/2.170ден
– Намалување за сопствен превоз -20€/1.240ден од патник.
Важни напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Ескејп Травел
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR