Римини за 23-ти Октомври

цена од

199

EUR

сега од

159

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

По целосно продадениот аранжман за 8-ми Септември за Римини, имаме ново патување за 23-ти Октомври за Римини! Искористете го викендот и ова патување за да се запознаете со прекрасниот предел на Емилија Ромања. Да уживаме на плажите во Римини, да ги посетиме Сан Марино, Болоња, а на враќање гратис посета на Трст.

Што е вклучено во цената

  • 3 ноќи во хотел со 3* со вклучен појадок
  • Автобуски превоз
  • Посета на Трст
  • Лиценциран придружник

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Факултативна посета на Сан Марино и Сантарканџело со локален водич – 35е
  • Факултативна посета на Болоња со локален водич – 25е
  • Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотелот)
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

План и програма

ПРВ ДЕН 19.10.2023) Четврток

Состанок на групата на паркингот кај хотел Русија во 09:00 часот. Поаѓање за Италија во 09:30 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.

ВТОР ДЕН (20.10.2023) Петок

Пристигнување во Римини. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Препорачуваме посета на плажите кои се во близина на хотелот. Во вечерните часови уживајте во некој од локалните ресторани и барови и прошетка низ стариот град во Римини. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (21.10.2023) Сабота

По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Болоња, еден од најубавите градови во регионот Емилиа Ромања. Познат по многу работи, универзитетскиот центар на Италија, кој ќе ве воодушеви со специфичната црвена боја на фасадите, град кој ќе ви понуди едно гастрономско искуство кое никогаш нема да го заборавите. Во вечерните часови враќање во Римини. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН (22.10.2023) Недела

По појадок во хотелот, слободно претпладне за индивидуални активности. Во попладневните часови, се упатуваме на факултативна посета на Република Сан Марино. Една од најмалите држави во светот. Стариот град е прогласен за културно наследство на УНЕСКО, поставен е на највисокиот дел од планината Титан, и нуди преубав поглед на целиот регион. Прекрасен град кој ќе ве остави со воздишки. Продолжуваме кон Сантарканџело, типичен град за регионот, кој нуди вечерна забава, пазар на занаетчии и улично шоу. Во договорено време се упатуваме кон хотел. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН (23.10.2023) Понеделник

По појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање кон градот Трст кој е бесплатен за посета и е вклучен во цената на аражманот. По посетата на Трст продолжувме кон Македонија.

ШЕСТИ ДЕН (24.10.2023) Вторник

Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

Сместување

Хотел 3*

Сместување во Римини во хотел со 3 ѕвезди со вклучен појадок.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.

-За реализација на факултативните излети за Болоња и Сан Марино со Сантарканџело се потребни минимум 35 патници
-Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
-Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
-Резервации за одреден кат или страна не е можна.
-Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
-Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

*Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на Ескејп Травел и СКТМ*

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Болоња

Цена за пакет: 25 евра

Болоња, центарот на Италија и на Европа, е крстосница на знаење и искуства и отсекогаш била место на размена и комуникација. Болоња е главен град на регионот Емилија Ромања, позната како црвената, учената и дебелата. “Црвена“ поради бојата на циглите на зградите и улиците, “учена“ односно образована, во чест на нејзиниот универзитет прв во Европа и “дебела“ поради неодоливите гастрономски производи како и различните видови салами, тортелини и вина. Историскиот дел на градот може да се посети одејќи пеш, можеби започнувајќи ја прошетката од Пјаца Маџоре каде што е сместена Базиликата на Сан Петронио, најпознатата и најграндиозната црква во Болоња, и е шестата најголема во Европа. Потоа се стигнува до Двете Кули, симболот на градот: Гарисенда, цитирана од Данте во 31-то пеење од Пеколот и кулата на Азинели од која пак може да и се восхитувате на целата Болоња.

Сан Марино и Сантарканџело

Цена за пакет: 35 евра

Ако има мали земји на планетата, една од нив е Сан Марино, најстарата република во светот. Тоа е во Европа, сместено во Италија и е многу при рака, па можеби, додека патувате таму, можете да се приближите до тоа да го знаете тоа.

Вечерна прошетка во еден од типичните градови за Ромања, вечерна улична забава, пазар на занаетчии и улично шоу. Полудневна тура.

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR