Соко Бања за Велигден

цена од

159

EUR

сега од

139

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
14.04.2023
17.04.2023
Автобус
Хотел

Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал.

Што е вклучено во цената

– Превоз со автобус на наведената релација

– Сместување во хотел Бањица 3* на база 3 ноќевања

– Исхрана на база 3 полни пансиони (појадок-шведска маса, ручек и вечера сет мени)

– Организиран разглед на Соко Бања со локален водич

– Организирана прошетка до Лептерија и Сокоград со локален водич

– Организиран излет на планината Озрен со традиционален велигденски ручек и богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача)

– Туристичка такса

– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

 

Што не е вклучено во цената

– Задолжително патничко и здравствено осигурување

– Индивидуални трошоци

План и програма

ПРВ ДЕН 14.04.2023 (Петок)

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем рано наутро во 05.30часот. Поаѓање кон Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Соко Бања во пладневните часови и сместување во хотел Бањица. Ручек. Краток одмор и освежување од патувањето и заминување на организирана попладневна прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Mилошев Конак, Tурско купатило, црквата Св. Преображение…). Враќање во хотел. Вечера.

Ноќевање.

ВТОР ДЕН 15.04.2023 (Сабота)

Појадок. Организирана претпладневна прошетка до излетничко место Лептерија и стариот Соко Град со локален водич. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, релаксација и одмор. Вечера.

Ноќевање.

 

ТРЕТ ДЕН 16.04.2023 (Недела)

Појадок. Ден предвиден за традиционален велигденски ручек на планината Озрен со богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача) и организирани активности и натпревари во природа на отворено (влечење на јаже, фрлање на камен од раме, скок во далечина…). Враќање во хотел, слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера.

Ноќевање.

 

ЧЕТВРТТИ ДЕН 17.04.2023 (Понеделник)

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални прошетки. Заминување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Сместување

Хотел Бањица 3*

Цени

Од

15.04.2023

До

17.04.2023

Цена за резервации до 15.03.2023 - 139€

Цена

159 EUR

Промо Цена

139 EUR

Важно

– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.

– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на Ескејп Травел

 

 

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR