Tоскана за 8ми Март

цена од

209

EUR

сега од

179

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
07.03.2023
12.03.2023
Автобус
Хотел

Тоскана се смета за лулката на Италијанскиот јазик во која се родиле едни од најпознатите италијански уметници и поети. Освен тоа, Тоскана е своевиден регион-музеј: нејзините градови чуваат многубројни ремек дела како палати, цркви, галерии, кои привлекуваат туристи од целиот свет. Националниот парк Чинве Тере е познат по својата убавина. Со векови, луѓето тука граделе тераси за одгледување винови лози и маслинки на грубиот, стрмен терен, долж карпите од каде се издигаат заносни панорами кон Средоземното Море.

Цена за резервација до 31.01.2023 – 179€/11.098ден
Цена на аранжманот 209€/12.958ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.

Што е вклучено во цената

– Автобуски превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел со 3* во Монтекатини Терме на база 3 ноќевања со појадок
– Организирана посета на Пиза
– Организирани посети според програмата
– Организација и реализација на аранжманот со лиценциран туристички придружник

Што не е вклучено во цената

Целодневен излет на Чинкве Тере 50€ (трансфер со воз, Cinque Terre card до 5-те села и трансфер од железничка до La Spezia, доплата на лице место)
– Посета на Сиена и Сан Џимињано 50€ (трансфер, локален водич, доплата на лице место)
– Задолжителна посета на Фиренца 30€ (трансфер, локален водич, доплата на лице место)
– Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ по лице од ноќ, доплата на лице место)
– Задолжително патничко осигурување

План и програма

ПРВ ДЕН 07.03.2023/14.03.2023 (вторник)   
Состанок на групата во 09.30 часот на паркингот кај Вип хотел спроти Ист Гејт. Поаѓање во 10.00 часот. Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности
ВТОР ДЕН 08.03.2023/15.03.2023(среда)     
Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во вечерните часови организирана посета  на Пиза. Прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија – Плоштадот на чудата, Катедралата Дуомо, Крстилиницата Свети Јован и познатиот симбол на Пиза, Кривата кула. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 09.03.2023 / 16.03.2023 (четврток)

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на италијанската ривиера, посета на националниот парк Чинкве Тере. Пристигнување во градот Ла Специја од каде со во воз на Трен Италија ќе се движеме цел ден долж лигурската обала низ петте селца. Чинкве Тере e низа од пет стари рибарски села, сместени високо на италијанската ривиера во регионот Лигурија кои до неодамна беа поврзани само со мазги и достапни само со железница или по воден пат. Пешачење по ова живописно крајбрежје е најдобриот начин да се истражат петте села: Riomaggiore, Manarola, Corniglia, Vernazza и Monterosso. Националниот парк Чинве Тере е познат по својата убавина. Со векови, луѓето тука граделе тераси за одгледување винови лози и маслинки на грубиот, стрмен терен, долж карпите од каде се издигаат заносни панорами кон Средоземното Море. Воодушевувачките погледи на пристаништата далеку под дивото, но гостопримливо крајбрежје, заедно со средновековните тврдини и изобилството на винова лоза и живописни бои го прават овој регион незаборавен. По разгледот враќање во Ла Специја од каде се упатуваме кон Монтекатини. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 10.03.2023 / 17.03.2023 петок)

Појадок. Ден предвиден за факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, веројатно најубавиот средновековен град во Италија, вечниот ривал на Фиренца. Срцето на Сиена е нејзиниот централен плоштад Il Campo, познат по трките со коњи Palio кои тука се одржуваат два пати годишно. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот..  Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во договорено време патувањето го продолжуваме кон Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско ридско градче, лоцирано југозападно од Фиренца. Опкружен со ѕидови од 13от век, неговиот стар град е лоциран на Piazza della Cisterna, триаголен плоштад обиколен со средновековни куќи. Градот на Убавите кули од 1990год. заради своето богато историско и културно значење е под заштита на УНЕСКО. Сан Џимињано им нуди на посетителите можност да се вратат назад во времето додека уживаат во неговите локални производи, вклучувајќи шафран, одлично црвено и бело тосанско вино и оригинални тоскански десерти. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање во Монтекатини. Слободна  вечер за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН 11.03.2023 / 18.03.2023 (сабота)

Појадок. После појадокот заминување за посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: црквата Санта Кроче, Плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани… По разгледот оставаме доволно слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, можност за посета во некои од музеите, дегустаија на локални производи во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во договорено време поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

ШЕСТИ ДЕН 12.03.2023 / 19.03.2023 (недела)

Планирано пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Сместување

Хотел со 3* во Монтекатини Терме

Сместување во хотел со 3* во Монтекатини Терме на база 3 ноќевања со појадок

Цени

Од

07.03.2023

До

12.03.2023

Цена

209 EUR

Промо Цена

179 EUR

Важно

– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата или промена на цената.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Чинкве Тере

Цена за пакет: 50е

Целодневен излет на Чинкве Тере (трансфер со воз, Cinque Terre card до 5-те села и трансфер од железничка до La Spezia, доплата на лице место)

Сиена и Сан Џимињано

Цена за пакет: 50е

Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, локален водич, доплата на лице место)

Фиренца

Цена за пакет: 30е

Задолжителна посета на Фиренца (трансфер, локален водич, доплата на лице место)

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања