Тоскана со Чинкве Тере 8-ми Март

цена од

219

EUR

сега од

179

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Тоскана   еден од најголемите и најважни региони во Италија поради своето културно-историско и уметничко наследство. Сместена во Централна Италија.

Cinque Terre е низа од вековни приморски села на грубото крајбрежје на италијанската ривиера. Во секој од 5-те града, шарените куќи и лозја се лепат до стрмните тераси, пристаништата се полни со рибарски чамци, а траториите имаат специјалитети од морска храна заедно со познатиот сос од регионот Лигурија, пестото. Пешачката патека Sentiero Azzurro покрај карпата ги поврзува селата и нуди прекрасни погледи на море.

ПРОМО цена 179€ ќе важи со пријава на пакет екскурзии  (од 100 евра)

Што е вклучено во цената

– Автобуски превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел со 3* во Монтекатини Терме на база 3 ноќевања со појадок
– Организирана посета на Пиза
– Организирани посети според програмата
– Организација и реализација на аранжманот со лиценциран туристички придружник

Што не е вклучено во цената

– Целодневен излет на Чинкве Тере 50€ (трансфер со воз, Cinque Terre card до 5-те села и трансфер од железничка до La Spezia, доплата на лице место)
– Посета на Сиена и Сан Џимињано 50€ (трансфер, локален водич, доплата на лице место)
– Задолжителна посета на Фиренца 20€ (трансфер, локален водич, доплата на лице место)
– Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ по лице од ноќ, доплата на лице место)
– Задолжително патничко осигурувањ

План и програма

1.ден 07.03.2024 (четврток) СКОПЈЕ - МОНТЕКАТИНИ

Состанок на групата во 09.30 часот на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Италија во 10.00 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

2.ден 08.03.2024 (петок) МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА - МОНТЕКАТИНИ

Пристигнување во претпладневните часови во Монтекатини Терме. Оставање на багажот на рецепција во хотел и заминување на прошетка низ Монтекатини Терме. Прошетка низ центарот Пјаца дел Пополо, Терме дел Тетучо, Монтекатини Алто (можност за возење со туристичко вовче до Монтекатини Алто со доплата од цирка 6€ на лице место). Враќање во хотелот во попладневните часови и чекирање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во вечерните часови во договорено време заминување на организирана посета  на Пиза. Прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија – Piazza dei Miracoli или Плоштадот на Чудата, заедно со Катедралата Il Duomo, Крстилиницата Свети Јован San Giovanni и познатиот симбол на Пиза, Кривата кула. Слободно време за индивидуални активности, прошетки и фотографирање. Враќање во хотел. Ноќевање.

3.ден 09.03.2024 (сабота) МОНТЕКАТИНИ – ЧИНКВЕ ТЕРЕ - МОНТЕКАТИНИ
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на италијанската ривиера, посета на националниот парк Чинкве Тере. Пристигнување во градот Ла Специја од каде со во воз на Трен Италија ќе се движеме цел ден долж лигурската обала низ петте селца. Чинкве Тере e низа од пет стари рибарски села, сместени високо на италијанската ривиера во регионот Лигурија кои до неодамна беа поврзани само со мазги и достапни само со железница или по воден пат. Пешачење по ова живописно крајбрежје е најдобриот начин да се истражат петте села: Riomaggiore, Manarola, Corniglia, Vernazza и Monterosso. Националниот парк Чинве Тере е познат по својата убавина. Со векови, луѓето тука граделе тераси за одгледување винови лози и маслинки на грубиот, стрмен терен, долж карпите од каде се издигаат заносни панорами кон Средоземното Море. Воодушевувачките погледи на пристаништата далеку под дивото, но гостопримливо крајбрежје, заедно со средновековните тврдини и изобилството на винова лоза и живописни бои го прават овој регион незаборавен. По разгледот враќање во Ла Специја од каде се упатуваме кон Монтекатини. Ноќевање.
4.ден 10.03.2024 (недела) МОНТЕКАТИНИНИ – СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО - МОНТЕКАТИНИ

Појадок. Ден предвиден за факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, веројатно најубавиот средновековен град во Италија, вечниот ривал на Фиренца. Срцето на Сиена е нејзиниот централен плоштад Il Campo, познат по трките со коњи Palio кои тука се одржуваат два пати годишно. Разглед на градот: црквата San Domenico, Дуомото на Сиена – Metropolitana di Santa Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот..  Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во договорено време патувањето го продолжуваме кон Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско ридско градче, лоцирано југозападно од Фиренца. Опкружен со ѕидови од 13от век, неговиот стар град е лоциран на Piazza della Cisterna, триаголен плоштад обиколен со средновековни куќи. Градот на Убавите кули од 1990год. заради своето богато историско и културно значење е под заштита на УНЕСКО. Сан Џимињано им нуди на посетителите можност да се вратат назад во времето додека уживаат во неговите локални производи, вклучувајќи шафран, одлично црвено и бело тосанско вино и оригинални тоскански десерти. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање во Монтекатини. Слободна  вечер за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

5.ден 11.03.2024 (понеделник) МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА - СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот заминување за посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: црквата Санта Кроче, Плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани… По разгледот оставаме доволно слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, можност за посета во некои од музеите, дегустаија на локални производи во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во договорено време поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

6.ден 12.03.2024 (вторник) СКОПЈЕ

Планирано пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Сместување

Хотел 3*

Важно

 За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата или промена на цената.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Целодневен излет на Чинкве Тере

Цена за пакет: 50€

(трансфер со воз, Cinque Terre card до 5-те села и трансфер од железничка до La Spezia, доплата на лице место)

Посета на Сиена и Сан Џимињано

Цена за пакет: 50€

(трансфер, локален водич, доплата на лице место)

Задолжителна посета на Фиренца

Цена за пакет: 20€

(трансфер, локален водич, доплата на лице место)

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR