Легендата за турскиот десерт пишмание (pişmaniye)

Има многу приказни и локални преданија за потеклото на овој турски десерт  “пишманије – pişmaniye”. На турски јазик, “пишман” значи “жалење”, турцизам и во нашиот јазик кој и ден денес и ние си го употребуваме. Јадењето на пишманието знае да биде мошне неуредно, но ќе бидете пишман ако не го пробате барем еднаш во животот.

Една од популарните легенди за овој десерт е следнава:

Си бил еден слаткар кој живеел во Коџаели и бил познат по неговите слатки креации. Луѓето во редици чекале надвор пред неговата продавница само за да пробаат некои од неговите познати специјалитети.

Слаткарот, и покрај големиот успех во работата, имал поинаков вид на проблем. Тој се вљубил во прекрасна, полничка млада дама. Тој се обидел да направи сè за да го освои нејзиното срце, но неговата љубов останала невозвратена.

Во очај, тој одлучил да создаде сосема ново благо и да и ја посвети на својата сакана, со надеж дека ќе ја добие својата љубов за возврат. Тој работел напорно со своите помошници и создал убави, снежно – бели топки на влечена кончеста алва.

Во чест на својата љубов, тој го нарекол слаткото “шишмани”, што значи “мојата дебелка дама” на турски.

Тој внимателно го спакувал и испратил неколку кутии на неговата сакана девојка. Овој пат се исплатил трудот и тој успеал да и го привлече вниманието.

Трудот вродил со успех, се венчале и си живееле среќно некое време, но тоа траело кратко. Љубомората и измамата од страна на неговата нова невеста го претвориле животот на слаткарот во пекол. Тој бил скршен од болка, но морал да ја остави.

Така, тој го смени името на слаткото од “şismaniye” во “pişmaniye” што значи “жалење”.

Како и да е, ова е само легенда за десертот, а Вие, немојте да ја испуштите шансата да го вкусите пишманието. На нашите тури во Истанбул, Ве носиме на шопинг по фабрички цени во КОСКА, една од најпознатите производители на слатки, каде може да си го купите овој десерт.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR