Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кизилагач на 75км од аеродромот во Анталија и 15км од античкиот град Сиде.
Сместување
Вкупно 688 соби во главна зграда, Select Вили и во Клуб зградите.
Хотелски стандардни соби (29м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и софа кревет, едно купатило, макс.2+2 лица),
Хотелски дуплекс соби (44м²; на спрат спална соба со француски кревет, на долниот кат два двојни кревети, едно купатило, макс. 4+1 дете).
Клуб стандардни соби (24-28м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и софа кревет, едно купатило, макс.2+2 лица)
Клуб дуплекс соби (40м², на спрат спална соба со француски кревет, на долниот спрат два двојни кревети, едно купатило, макс. 4+1 дете).
Select стандардни соби (30м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и софа кревет, едно купатило, макс.2+2 лица)
Select дуплекс соби (50м², на спрат еден француски кревет и едно купатило, долу двојни кревети и едно купатило разделени со врата, макс. 4+1 дете)
Select сениор апартман (65м², дуплекс, две спални соби, една дневна соба, две купатила, макс. 5+2 деца).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен и сет во купатило, централен клима уред кој работи според временските услови, сеф, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), сет за кафе и чај, LCD TV со сателитски канали, балкон или тераса, WI-FI интернет конекција.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, ручек и вечера, брза храна на плажа и во Aqua Snacks, попладневен чај, кафе, торти и полноќни супи, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, À la Carte ресторани ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, шампањ, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, наргиле, услуга во соба и услуга за дополнителен пијалок. За гостите во типот на соби Select Вила има достапен select концепт.
Содржини
Sofra – главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани ресторани: Bellona Zargana – медитеранска кујна, Dragon – кинеска кујна, El Torito – мексиканска кујна, Paradise бар на плажа, лоби бар, Aqua Snack бар, Диско клуб. Докторски услуги, бебиситер, фризер, услуга за перење, услуга во соба, телефон и факс, интернет кафе, компјутерски игри, шопинг центар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел и во собите.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце, душеци и пешкири на плажа.
Спорт и забава
Прекрасен аква парк со 14 лизгалки за возрасни и деца, отворени и затворени базени за ворасни и деца, полуолимписки базен, Fun Fair – забавен парк, тениски терени, мини голф, фудбал, кошарка, одбојка на плажа, пинг-понг, фитнес центар, сауна, Турска бања, соба со пареа, џакузи се бесплатни. Сите видови на спортови на вода, билијард, масажа, центар за убавина и СПА центар, обука за нуркање, компјутерски игри се доплаќаат. Забавни програми во текот на денот со натпревари на плажа и покрај базен, навечер различни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-11 години и Јуниор клуб за деца од 12-17 години, мала зоолошка градина, мини диско навечер.