Menu

Остров Крф за 8-ми септември 2022

цена од

119

EUR

сега од

99

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
08.09.2022
11.09.2022
Автобус
Вила

Крф е остров со бурна историја исполнет со зелени површини. Остовот е исклучително убав со неверојатна вегетација и сафирна боја на морето. Токму поради целата слика на островот, тој бил многу привлечен за освојување и затоа крф е остров кој ќе ве остави без здрв. Тој е втор по големина од јонските острови, климата е медитеранска, зимите се благи, а летата се пријатни и топли. Покрај црните маслинки, овој остров е и познат по овошјето Кун Куат со големина на орев, а со изглед на мандарина

Што е вклучено во цената

3 ноќевања во Ипсос (20 км од градот Крф)

Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје

Повратен билет за траект

Туристички придружник од агенција

Што не е вклучено во цената

Посета на Палеокастрица и Сидари (25 евра од лице)

Посета на продавницата Василакис и плажата Глифада ( 20 евра по лице)

Посета на градот Керкира ( 10 евреа по лице )

Патничо осигурување

Индивидуални трошошци

Туристичка такса (1.5 евра за 3 ноќевања од соба за патниците кои се сместени во студио за две лица)-Задолжително

Туристичка такса (3 евра за 3 ноќевања од соба за патниците кои се сместени во студио за три и четири лица во студио или апп)- Задолжително

Клима уред (15 евра за 3 ноќевањ)

План и програма

ПРВ ДЕН (07.09.2022) Среда

Собир на групата пред одредено место за кое добивате информација од страна на  агенцијата.околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо на еден ден пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Ноќно возење со попатни паузи.

ВТОР ДЕН (08.09.2022) Четврток

Траектот е во утринските часови. Возењето со траект би бил на релација Игуменица – Лефкими или Игуменица – Крф. Патниците добиват инфо на 2 дена пред поаѓање. Пристигнување на Крф. Сместување во апартманите. Краток одмор.
Програмата започнува со посета на стариот град Крф во 18:00 часот по локално време.
По завршувањето на овие настани, групата се враќа во Ипсос, каде препорачуваме да посетите некоја од локалните таверни. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (09.09.2022) Петок

Овој ден е предвиден за запознавање на местото ПАЛЕОКАСТРИЦА И СИДАРИ.
Целодневен излет со автобус. Групата ги посетува најпопуларните туристички дестинации во Палеокастрица и Сидари: плажата Палеокастрица со манастирот Богородица, се оди до највисоката достапна точка каде се гледа цела Палеокастрица, буквално најубавиот поглед на цел остров, Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво.

ЧЕТВРТ ДЕН (10.09.2022) Сабота

Посета на продавницата Василакис и најубавата песочнаплажа Глифада.

Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

ПЕТТИ ДЕН (11.09.2022) Недела

Одјавување од собите до 09:00 часот по локално време. Слободно време за индивидуална прошетка во Ипсос.
Во попладневните часови  го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје.

Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

Сместување

Приватно сместување

Цени

Од

08.09.2022

До

11.09.2022

Цена

119e EUR

Промо Цена

99e EUR

Важно

  • Т.А EСКЕЈП ТРАВЕЛ издава ваучер за одложување на патување во случај:
  • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест),Затвoрање на граници и Виша силa
    • Патниците при уплата се изјаснуват за користење на екскурзиите
    • За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
    • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
    • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
    • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
    • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
    • Сместувачките капацитети се приватни сместувања во Ипсос.
    • Сместувачките капацитети располагат со 1/2, 1/3 и 1/4 студиа.
    • Хигиената во самиот објект ја одржуват гостите.
    • Користење на клима не е вклучена во цената и истата се доплаќа кај сопствениците на објектите
    • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на градот Керкира

Цена за пакет: 10е

Градот Крф изобилува со знаменитости од различни историски времиња меѓу кои најпознати се старата тврдина, новата тврдина, плоштадите Спианада и Листон, палатата на Св. Михаил и Св. Ѓорѓија, зградата на општината и општинскиот плоштад, Јонската Академија, црквата Св. Спиридон, Каниони, палатата Мон Репо и многу други знаменитости.

Посета на Палеокастрица и Сидари

Цена за пакет: 25е

Ако природниот рај има име, тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица- место богато со историја, богато со природна убавина, плажа која од која поубава. При нашиот целодневен излет ќе го посетиме 13 века стариот манастир кој гледа на Палеокастрица од високо и воодушевува со медитерански шарм. Пред влезот на манастирот во панорамата пред нас се гледа и карпата за која се верува дека е бродот на Одисеј. Легендата вели дека во своето патување кон Итака застанал и на Палеокастрица каде топло бил пречекан од Кралот на Феичаните и неговата ќерка. Во манастирот Дева Марија, покрај прекрасната архитектура и глетки може да го посетите и византискиот музеј, со експонати од манастирот пред неговата обнова.

Сидари е село сместено во северозападниот дел на островот Крф во ридска област.
Она што го прави Сидари многу познато како туристичко место е конкретниот Каналот на љубовта.
Каналот на љубовта се состои од глинести карпи кои обликуваат одреден морски канал и некои убави заливи до кои можете да стигнете по неколку патеки.

Посета на продавницата Василакис и Глифада

Цена за пакет: 20е

Василакис е место за дегустација на разни ликери кои се прават од овошјето Komquat, специфично овошје што успева само на неколку места во светот. Групата ќе има можност да ги дегустира ликерите што се прават од кората и од сокот на овошјето. Исто така има ликери со вкус на кафе, банана, јагода, ананас итн.
Од тука се упатуваме кон најубавата песочна плажа Глифада. Тука ќе имате можност да уживате во убавините на плажата, кафулињата, таверните кои се по сечиј вкус, како и да се релаксирате во помирниот дел.

Пакет факулктативи ( Василакис и Глифада, Палеокастрица и Сидари, посета на градот)

Цена за пакет: 50е

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања